ВИДЕО: Успеа да ги најде парите - крадец фатен на камера во Делчево

Крадец во еден магацин во Делчево успеа да ги најде парите во една од фиоките во работната канцеларија. Читателот кој ни го испрати ова видео бара помош. Доколку некој го препознае лицето на снимката, нека не контактира.

Генералот Стојанче Ангелов за споменикот на Ќосето

Споменик на Ќосето – да, но не пред судот, напиша Стојанче Ангелов на „Фејсбук“.

„Андон Ќосето (1854-1953). Херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата. За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневнополитички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ. Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред судот. Ќосето не бил судија ниту, пак, судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата“, напиша Ангелов.

Затоа, додава тој, споменик на Андон Ќосето треба да има, но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации.

Владо Јовановски се огласи на Фејсбук и предизвика лавина лајкови

Aктерот Владо Јовановски кој е обвинет за тероризам и три месеци помина во затворот во Шутка за настаните на 27 април вечерва се огласи на својот фејсбук профил.

Тој  објави стихови на српскиот поет Бранко Милковиќ.

“…Иднината не е сѐ она што ќе дојде!

Многу нешто, едноставно ќе се повтори!

Минатото, не е сѐ она што нема да се поврати и еден дел од иднината останува затаен…”, напиша актерот на својот профил вечерва.

Пред неколку денови притворот во Шутка на Јовановски му беше заменет со куќен притвор и одземање на пасошот.

ВИДЕО: Мицов го напушти студиото на Алсат затоа што му се обратија на Албански јазик

Стефан Влахов–Мицов, универзитетскиот професор и писател, член на политичката партија „Единствена Македонија“, го напушти стидиото на „АлсатМ“ телевизија, затоа што новинарката му се обраќаше на Албански јазик. 

Популарно