(ВИДЕО) На 42 годишна возраст стана мајка на 11 бебиња

Марија Фернандез, на 42-годишна возраст на свет донесе 11 здрави бебиња. Таа открила дека имала проблеми со забременувањето, што била главната причина зошто таа и нејзиниот сопруг одлучиле да пробаат ин- витро оплодување. Но,за нивно изненадување добила повеќе од едно бебе. Родила единаесет бебиња, без царски рез. Родила 11 момчиња, од кои шест биле идентични близнаци.

– Докторите беа среќни што имаа „лесна“ испорака на бебиња без царски рез, што ги остави во неверување затоа што вакво нешто не виделе досега, открила сестра која присуствувала на породувањето.

-Тие буквално излегуваа еден по еден. Поминаа само 17 минути откако првото бебе излезе на светот до последното, додава таа.

Марија Фернандез е регистрирана во Гинисовата книга на рекорди за овој неверојатен зафат.

(ВИДЕО) Што се ПМ 10 и ПМ 2,5 честички и што можат да му направат на вашето здравје?

ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот. Каква штета му прават овие честички на организмот, објаснува  Мими Кимовска Христова, педијатар и член на О2 Коалицијата за чист воздух.

Ова е се само не е воздух каков треба да дишеме. Вака доктор Мими Кимовска Христова, ја опишува денешната состојба во главниот град, но таа веќе 4 години постојано алармира и предупредува за зголемената аерозагаденост и штетните последици кои ги чувствуваме сите и на социјалните мрежи и преку еколошките здруженија.

-Ова е се само не е воздух, смог измешан со зголемено ниво на штетните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички, изјави д-р Мими Кимовска Христова, педијатар и член на Коалицијата О2 за чист воздух.

Според д-р Кимовска Христова, научни студии докажале дека штетните ПМ честички се причина за сериозни болести меѓу кои и малигни заболувања, предвремени породувања и бебиња родени со мала тежина.

-ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот, додаде д-р Кимовска Христова.

(ВИДЕО) ЛОВЕЧКО КУЧЕ НАЛЕТА НА ВОЛЦИ: Сопственикот го објави видеото од херојската борба

Ова е доказ дека кучињата навистина се најдобрите пријатели на човекот и треба повеќе да ги цениме. Томи Берглуд ловел лос заедно со своето четиригодишно куче Клара, во близина на Вармланд, Шведска, кога кучето избегало во шумата.

Кога Клара се вратила, била крвава и со рани по телото.

Клара била опремена со метален елек и со “GoPro” камера, па Томи бил во можност да види што се случувало.

За среќа, Клара целосно се опоравила.

Погледнете ја оваа херојска борба:

(ВИДЕО) Тригодишното девојче страда од непознато пореметување на спиењето кое докторите ги оставило збунети

Преку ден таа финкционира нормално, како и секое друго девојче на нејзина возраст, но кога ќе дојде ноќта…

Тригодишното девојче страда од непознато пореметување на спиењето кое докторите ги оставило збунети, а нејзините родители комплетно изнемоштени. Таа преку ден функционира одлично, како и секое девојче на нејзина возраст. Но навечер Џесика се однесува многу чудно.

“Во текот на денот таа е свесна за присуството на други луѓе и ако и се обратите таа ќе ви одговори. Но навечер се однесува како да не постоите. И поставив прашање обидувајќи се да дознаам што се слуќува, но таа само прави чудни работи и несака да одговара на прашања. Секоја ноќ прави нешто различно, не постои некој шаблон”, кажала Тања, мајката на ова девојче.

Докторите се обиделе да дознаат што се случува. Нејзините лекови и вежни не успеале да и помогнат да заспие.

“Првпат се сретнав со вакво однесување на дете после 13 години стажирање на студии за спиење” изјавила нејзината докторка.

Мајката Тања и малата Џесика посетиле една од најдобрите клиники во Англија кои се занимаваат со пореметување во спиењето, каде што откриле дека Џесика има “живи ментални слики – бујна фантазија” (“eidetic imagery”) која е дел од мистериозниот свет на детскиот мозок во развој.

“Таа креира виртуелен тродимензионален свет во кој се дружи со измислени пријатели и многу и е забавно. Таа и по неколку часа си игра со нив” кажува нејзината мајка.

Не е официјално потврдено дека нејзиниот вид на инсомнија може да влијае на нејзиниот развој.

“Таа ги повторива истите слики и искуства кои ги доживеала во текот на денот. Тоа го прави во креветот бидејќи и е удобно и се чувствува сигурно” кажува докторот.

Тања е сигурна за една работа во однесувањето на детето.

“Најинтересната работа која ја дознав е дека Џесика е свесна за тоа што го прави. Конечно знам дека таа нема да се повреди себе си или да направи нешто слично бидејќи е свесна за се”, Кажува мајката на девојчето.

Како изгледа нејзиното однесување погледнете во видеото:

Популарно