Крсто Муковски штрајкува со глад во Шутка

Пратеникот Крсто Мукоски, кому  му беше определена мерка притвор од судија на претходна постапка, почнал да штрајкува со глад уште веднаш кога пристигнал во истражниот затвор Шутка.

Информацијата  ја потврдува неговата одбрана. Причина за неговиот штрајк со глад е тоа што сметал дека е притворен за нешто што воопшто не го направил, а најмалку дека му се става на товар терористичко загрозување на уставниот поредок. Мукоски одбива храна и затоа била известена и затворската управа по што веднаш медицинско лице му извршило преглед и било констатирано дека засега е во добра здравствена состојба. Тој не се наоѓа во келија заедно со останатите притворени пратеници, туку сосема други притвореници.

Инаку, вчера, неговиот адвокат Игор Кичеец поднесе жалба до Кривилчниот совет против притвор кој вчера му беше одреден.

Генералот Стојанче Ангелов за споменикот на Ќосето

Споменик на Ќосето – да, но не пред судот, напиша Стојанче Ангелов на „Фејсбук“.

„Андон Ќосето (1854-1953). Херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата. За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневнополитички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ. Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред судот. Ќосето не бил судија ниту, пак, судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата“, напиша Ангелов.

Затоа, додава тој, споменик на Андон Ќосето треба да има, но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации.

Владо Јовановски се огласи на Фејсбук и предизвика лавина лајкови

Aктерот Владо Јовановски кој е обвинет за тероризам и три месеци помина во затворот во Шутка за настаните на 27 април вечерва се огласи на својот фејсбук профил.

Тој  објави стихови на српскиот поет Бранко Милковиќ.

“…Иднината не е сѐ она што ќе дојде!

Многу нешто, едноставно ќе се повтори!

Минатото, не е сѐ она што нема да се поврати и еден дел од иднината останува затаен…”, напиша актерот на својот профил вечерва.

Пред неколку денови притворот во Шутка на Јовановски му беше заменет со куќен притвор и одземање на пасошот.

ВИДЕО: Мицов го напушти студиото на Алсат затоа што му се обратија на Албански јазик

Стефан Влахов–Мицов, универзитетскиот професор и писател, член на политичката партија „Единствена Македонија“, го напушти стидиото на „АлсатМ“ телевизија, затоа што новинарката му се обраќаше на Албански јазик. 

Популарно