Македонците може да се преселат во Авралија без проблем

Во месец мај оваа година, Австралиската влада донесе одлука, на своите државјани да им дозволи да можат да го спонзорираат доаѓањето на нивните родители од другите држави во Австралија.

Оваа нова виза, која е воведена, изнесува до 20.000 долари. Спонзорите, односно нивните деца, ги плаќаат сите трошоци за приватно здравствено осигурување.

Исто така, тие се должни да платат за сите дополнителни трошоци, како и за здравствена заштита во текот на престојот на нивните родители во Австралија.

„Трошоците за здравствена заштита, кои треба да ги плати спонзорот, се зголемуваат со годините на луѓето“, вели Алекс Хок, помошник министер за имиграција.

Новите одредби ќе ѝ помогнат на австралиската влада да ги намали трошоците за здравствена заштита кои се во пораст. Ако првата година од применување на законот се пополни квота од 15.000 визи, тоа би значело плус 150 милиони долари.

Носителите на визата немаат право да работат во Австралија, меѓутоа владата има корист, бидејќи пензионерите кои доаѓаат, најчесто ги чуваат внуците и на тој начин се намалува оптовареноста во австралиските градинки.

Сепак, поделени се мислењата околу висината на цената на оваа виза. Се чини дека е прескапа.

Огромна маса народ пред Собранието бара втор референдум

Околу 670 илјади граѓани протестираа на Плоштадот пред Парламентот во Лондон, барајќи втор референдум за брегзит, во организација на „Гласот на народот“.

Протестот се одржа во исто време со трката посветена на Брегзит, организирана од Најџел Фараџ.

Пратениците од големите политички партии го поддржаа маршот, со повик за нов референдум.

Но, таа опција одамна е отфрлена од премиерката Тереза Меј.

На референдумот во јуни 2016 година, за излез на Британија од Европската унија гласаа 51, 89 отсто за, а 48, 11 против.  Британија треба да излезе од ЕУ на 29 март 2019 година.

ВИДЕО: Во мобилниот телефон на Владислав Рослјаков пронајдена страшна снимка која ја направил пред да се самоубие

За масакрот во Политехничото училиште во Карч, во источниот дел на Крим, одговорен е 18-годишниот Владислав Рослјаков.

Тој прво одел низ училиштето и пукал, а потоа поставил бомба полна со метални делови во кафетеријата, за на крајот да изврши самоубиство. Во крвавиот поход убил најмалку 18 луѓе, а ранил 70 лица. 

Неговото безживотно тело било пронајдено во библиотеката на вториот кат на училиштето. Кај него бил пронајден неговиот мобилен телефон со последното видео кое го снимил пред да се самоубие. Владислав бил ученик во четврта година.

Истражниот комитет на Русија кривичното дело го преквалификувало од терористички напад во убиство на две или повеќе лица. Комитетот соопштил дека убиените во нападот настрадале од прострелни рани.

Во училиштето во текот на претресот биле откриени и други експлозивни направи! Премиерот на Крим, Сергеј Аксијонов, вели дека напаѓачот делувал сам.

ФОТО: Хрватка преку Фејсбук статус ја објансува ситуацијата во Македонија

„Замислете тие да ни го земаат целиот наш брег (од кој заработиме околу 11 милијарди евра годишно од туризмот) и плодните обработливи полиња како што е Славонија.

Во текот на сто години, Грција ги окупираше, им ја зеде Егејска Македонија, нивното море, најплодните полиња кои ја хранат цела Грција. Од 1943 до 1949 година, го одработија својата работа до крај, направија етничко чистење на Македонците, на оние кои останаа  им беше забрането да се нарекуваат себеси Македонци, а кој ќе проговорел македонски, му ставале зажарен јагленот на јазикот.

Најголемиот грчки кошмар е тие прашања да се стават на маса. Затоа, меѓу другото, е и притисокот за Македонија да го смени името, бидејќи тогаш тоа не им го правеле на Македонците, туку на своите во некоја внатрешна граѓанска војна.

Доаѓа време да се разоткрие грчкиот фашизам“, пишува извесна Хилда Рај, на нејзиниот ФБ профил.

Популарно