(ВИДЕО) Дијамантска веридба – кога Шешељ нуди брак, тоа изгледа вака!

Никола Шешељ, син на претседателот на СРС, Воислав Шешељ, ја побара за жена најубавата радикалка Јелена Марковиќ. Големата радикалска свадба ќе се одржи на пролет, а самата веридба ги изненади сите, посебно Јелена.

Имено парот бил излезен во кафеана, а Никола го чекал вистинскиот момент. Тогаш со песната на Балашевиќ, „Оливера“ извадил дијамантски прстен.

Јелена била изненадена, а потоа го бакнала Никола и наздравила.

На Никола ова ќе му биде втор брак, откако претходно бил женет со 9 години постарата секретарка на СРС. Сегашната негова свршеница е 11 години помлада од него и при крај е со факултетот. Членка е на СРС и многу активна во партијата.

Како да ги обоите велигденските јајца со природни бои

Во пресрет на големиот празник ви претставуваме неколку совети за обојување на јајцата со природни бои. Еве како можете да добиете цела палета на шаренила:

Жолта: Со куркума ќе добиете сончево жолта боја. Со цветови од камилица, бојата ќе биде многу понежна.

Портокалова: Класика во природното фарбање: Лушпи од кромид. Овие се варат заедно со јајцата, а пото се оставаат уште 30-тина минути да се упие бојата. За портокалова боја можете да користите и моркови.

Розе и црвена боја: цвекло или лушпи од црвен кромид даваат навистина убави пигменти. Сакате посветли нијанси: едноставно скратете го времето на јајцата во бојата.

Сина или лила: користете боровинки, аронија, црвена зелка или холундер за да добиете различни нијанси на сини и лила тонови. 

Зелена: коприва или магдонос, како и спанаќ ќе им ја дадат вистинската зелена боја на вашите велигденски јајца.

Кафена: Црн чај или кафе ќе ви помогнат во добивањето на оваа нијанса.

Мал совет: кој сака да ја заврши работата побрзо, едноставно може да користи природни сокови (цвекло, холундер и сл.) или пак прав од куркума.

Еве што се случува ако еден месец не пиете кафе

Новинарка од сајтот Byrdie.com поради проблеми со кожата престанала да пие кафе три недели, а резултатите биле неверојатни. Ви го пренесуваме нејзиното искуство.

Ако барем еднаш сте биле кај дерматолог, сигурна сум дека ви препорачал да пиете помалку кафе или во целост да престанете.

Дерматологот повеќе пати ме советуваше да го направам тоа, но не бев подготвена да се одречам од мојата кофеинска зависност. Но, од чиста љубопитност одлучив да не пијам кафе три недели, а во продолжение ќе ви раскажам до какви неверојатни резултати дојдов.

Сигурно барем сто пати сте слушнале некој како тврди дека одрекнување од некои намирници допринело за подобар изглед на неговата кожа. Многу често станува збор за шеќер, млечни производи, пченично брашно или кафе. Неброени пати од дерматологот сум чула дека одрекувањето од кафе ќе допринесе за подобар изглед на мојата кожа, па затоа одлучив да се откажам од мојот утрински ритуал на неколку недели.

Па, зошто кафето е „виновникот"? Накратко, научно објаснето: кафето има многу киселини. Големите дози на кисел кофеин во комбинација со вашите хормони, особено хормоните за стрес, влијаат врз зголемената мрснотија на вашата кожа. Пред се', кафето е диуретик и поттикнува мокрење, па така предизвикува и дехидрација.

Јас спаѓам во групата луѓе кои пијат до четири кафиња дневно, па сум на сигурен пат до дехидрација. Пред се', сигурно ве интересира дали ми недостасуваше кафето наутро за време на три недели? – Апсолутно!

Не очекував чудо, но за време на првата недела немаше никакви разлики на мојата кожа на лицето. Но, во втората недела веќе исчезнуваа акните кои одамна се појавиле. Веќе во третата недела целосно исчезнаа и морам да признаам дека мојата кожа изгледаше одлично. Проширените пори кои одамна ме мачеа изгледаа помали од претходно. Секако, кожата не ми беше совршена како кај Џенифер Лопез, но одрекувањето од кафе конечно почна да ми се допаѓа.

Другата промена која ја забележав е – помало ниво на маснотија. Отсекогаш сум имала неколку суви зони на лицето – околу носот и брадата, но веќе во третата недела, мојата кожа беше со еднаков состав, што ме натера да верувам дека мешаната суво-масна текстура на кожата беше резултат на дехидрација поради конзумирањето на кафе.

Сепак, мојата кожа не стана совршена како да е „фотошопирана" за три недели, но мислам дека во целост ќе се откажам од кафето и дека резултатите ќе бидат подобри на долг рок.

Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.

Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.

„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.

Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.

Популарно