(ВИДЕО) Фаталното пукање на 15-годишниот Александрос Григоропулос со децении предизвикува најлош револт кај нашиот јужен сосед

Денес поминаа 9 години од убиството на 15-годишно момче застрелан од полициски службеник во Атина.

На демонстрациите беа вклучени и младинските организации на владејачката партија Сириза со црни знамиња и постери за одбрана на човековите права.

Фаталното пукање на 15-годишниот Александрос Григоропулос во 2008 година, една година пред почетокот на економската криза во Грција, предизвикува со  децении најлоши револти кај  нашиот јужен сосед.

Србија бара итен состанок со Македонија и БиХ поради царините на Косово

Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ денеска најави дека ќе побара итен состанок со ресорните министри на Македонија и БиХ по повод одлуката на Косово за зголемување на царините за 30 отсто за увоз на одредени видови овошје, зеленчук и пченка.

Како што изјави Љаиќ, покрај средбата со македонските и босанските колеги на која ќе биде заземен заеднички став и ќе бидат предложени конкретни мерки, ќе побара и итна седница на Комитет на договорот за слободна трговија на земјите од центарлна Европа (ЦЕФТА), бидејќи, нагласи, директно е прекршен овој Договор.

- Косовските институции мора јасно да кажат дали и понатаму сакаат да бидат дел од ЦЕФТА-договорот или не сакаат, рече Љајиќ, кој е и потпретседател на српската Влада.

Тој додаде дека не постои членка на ЦЕФТА на која властите во Приштина и немаат воведено барем по една вонцаринска бариера, а најновата се однесува на сите членки.</p><p>Очигледно е, рече, дека принципите на слободното движење на стоки и услуги за косовските власти важат само тогаш кога нив им одговара.

- Таквиот однос е спротивен, не само на идејата за заеднички економски простор во овој дел од Европа, туку и со темелните вредности на модерната економија во светот, нагласи Љајиќ.

Бидејќи царинските давачки се применуваат исклучиво за сезонското овошје и зеленчук (краставица, домат, пипер, зелка, спанаќ, кромид, моркови, мешунки, компири, лубеница, дињи, јаболко, круша, слива, вишна, цреша, јагода, малини, купини) и пченка, извесно е дека, како што наведоа во Министерството за трговија на Србија, најголема штета од оваа решение на Косово ќе имаат членките на ЦЕФТА-договорот.

Уште еден земјотрес во Албанија

Од 4 јули кога беше регистриран првиот потрес во близина на Драч, албанското тло постојано се тресе, а по потресот кој беше почувствуван и во Македонија, со јачина од 5,2 степени, сега има нови потреси.

Последниот потрес со 2,7 степени е регистриран утрово.

Од првиот земјотрес кој беше со интензитет од 5,2 степени според Рихтер, со епицентар кај Драч, до денеска, се регистрирани 830 потреси со различен интензитет. 

ФОТО: Од екскурзија го вратиле во ковчег

Голема трагедија го потресе регионот кога синоќа во 22 часот во Јагодина се удавило момче, кое било на екскурзија од своето училиште.

Имено, се работи за 14-годишниот Х.Р. од Тузла кој се удавил во базенот на хотелот.

Како што пишува сроскиот Блиц, трагедијата се случила во хотелот Алфа во Јагодина.

Се очекуваат детали за трагичниот настан.

Популарно