Како да знаете дека некој мисли на вас?

Дали се случило неодамна некој да ви падне на ум? Пред да ја избришете таа мисла, разгледајте ја можноста дека во тој момент и тие мислат на вас. И двајцата не сте свесни, но вашите мисли можеби се обидуваат да ви кажат нешто подлабоко.

Морате само да го толкувате начинот на комуникација, наместо да обрнете внимание на други работи како телевизија или интернет. Телепатската поврзаност помеѓу два ума има некаква вистина во себе.

Сите го чувствуваме тоа. Дури и кога сме изолирани, тоа е она што нѐ поврзува со оддалечени места и луѓе. Како да знаете дека некој мисли на вас?

Оваа смешна линија на комуникација може да се случи помеѓу љубовници, пријатели или со секој со кого се чувствувате блиски. Кога размислувате за некого премногу интензивно, ќе можете и да им се обратите.

Како да знаете дека некој мисли на вас? Еве неколку знаци:

Ако нечија ментална слика одеднаш се појавува во вашиот ум и тоа баш од никаде-некаде, постои голема можност таа личност да мисли на вас.

Ако некого не сте виделе подолго време, а одеднаш почнувате да размислувате за нив, можеби вашиот ум се обидува да ве приближи кон нив. Ве предупредува да се најдете со нив и да се потсетите на старите добри времиња.

Можете да почувствувате и ненадејно чувство на вина во вашиот ум и да чувствувате немир. Кој е изворот на тоа чувство? Кога психички сте синхронизирани со некого и тие чувствуваат тага затоа што не ве виделе и тие чувства се нормална појава. Тоа може да се случи со изгубена љубов или оддалечен роднина.

Може да се случи веднаш по раскинувањето, затоа што во тој периодот и двајцата се уште се длабоко поврзани.

Едноставно можете да ги признаете тие чувства и да продолжите со вашиот живот или можете да ја искористите можноста повторно да се поврзете со некого.

Вашите инстинкти нека ве водат до вистината. Тоа е единствениот сигурен начин. Верувајте во нивните необични начини на комуникација.

Загадениот воздух предизвикува рак на белите дробови

Сега е научно потврдено она во што многумина што се дават во смог долго време се сомневаа: загадениот воздух предизвикува рак на белите дробови, пренесува Си-ен-ен.

Меѓународната агенција за истражување на ракот денес објави дека загадениот воздух е карциноген, заедно со веќе познатите закани, како што се азбестот, тутунот и ултравиолетовото зрачење. Одлуката била донесена по консултациите на експертите во организација на ИАРЦ, агенцијата за канцер на Светската здравствена организација, која е со седиште во Лион, Франција. Врвните здравствени експерти нашле „доволни докази“ дека изложеноста на загаден воздух предизвикува рак на белите дробови и го зголемува ризикот од рак на мочниот меур.

„Воздухот што повеќето луѓе го дишат е загаден со сложена мешавина од супстанции што предизвикуваат рак“, рече Курт Страиф, шеф на одделот на ИАРЦ што ги проценува карциногените. Тој вели дека сега агенцијата го смета загадувањето за „најважниот еколошки карциноген“, многу повеќе од пасивното пушење и чадот од цигарите.

ИАРЦ претходно имаше прогласено некои од компонентите на загадениот воздух, како што се дизел-гасовите, за карциногени, но ова е првпат Светската здравствена организација да соопшти дека загадениот воздух во целост предизвикува рак.

Овој дел од женското тело расте во текот на целиот живот

До 32-та година димензиите на клиторисот ќе бидат дури четири пати поголеми во однос на периодот кога влегувате во пубертет. Познато е дека тестисите и пенисот на мажот се намалуваат со текот на годините, а жените го немаат овој проблем, клиторисот расте во текот на целиот живот.

Научниците тврдат дека ова се случува поради хормонските промени во телото и покажува зошто жените уживаат во сексот многу повеќе во староста. 

Од влегувањето до излегувањето од пубертет, клиторисот се зголемува речиси два пати. До 32-та година димензиите ќе бидат дури четири пати поголеми во однос на периодот кога влегувате во пубертет, а после менопаузата е седум пати поголем отколку што бил кога сте се сè родиле.

Инаку, делот од клиторисот кој може да се погледне е со просечна големина до сантиметри, додека во внатрешноста се протега до десет сантиметри. Во клиторисот се наоѓаат 8.000 нервни завршетоци, двојно повеќе отколку во пенисот.

Неколку факти повеќе за клиторисот:

- Студиите покажуваат дека помеѓу 50 и 75 % од жените можат да доживеат оргазам единство ако им се стимулира клиторисот.

- Оргазмот кој се случува поради стимулирање на клиторисот трае 10 до 30 секудни.

- Клиторсот е единственото нешто кое на жената ѝ овозможува задоволство.

- Неговата големина е различна кај секоја жена и не влијае на интензитетот на задоволство.

- Жените кај кои клиторисот се наоѓа во близина на отворот на вагината, полесно доживуваат оргазам.

Популарно