ФОТО: Ова е местото каде е пронајдена обесена жената во Лептокарија

37 годишна жена се обесила вчера на дрво кај Лептокарија, на паркот спроти училиштето “Лазо Трповски”, информира Курир.мк.

Според очевидци глетката била страшна и траорна.

Според информациите кои ги објавува КУРИР, вчера во 19:25 часот е пријавено дека во близина на ОУ Лазо Трповски обесена на дрво е пронајдена П.Л. (родена 1980 година) од скопско село.

Смртта е констатирана од итна медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на жената е предадено на обдукција.

Пукано кон куќа во Тетово од возило во движење, нема повредени

Синоќа околу 22 часот и 45 минути на булеварот „Илинден“ во Тетово се пукало од огнено оружје, за што жител на градот пријавил дека е пукано кон неговата куќа. Засега од СВР Тетово немаат информации за повредени луѓе.

-Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. До сега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

По пукањето полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде се пукало по што е почнат увид.

Ненадејно почина селекторот на македонската репрезентација до 17 години!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, Дашмир Беари ненадејно почина.

Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник, почина тренерот Дашмир Беари на 50-годишна возраст.

Неговата последна работа беше улогата на селектор на македонската репрезентација до 17 години.

Беари беше поранешен тренер на Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими, а беше помошник и во саудиски Ал Раед. Во минатото беше селектор и на македонските селекции до 15 и до 19 години.

Осум лица повредени во сообраќајка меѓу две возила, возачите имале 17 и 19 години

На локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани вчера вечерта околу 15 минути пред полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Популарно