Обликот на вашите прсти ве издава каква личност сте

Луѓето од секога барале начини за проценување на карактерот и предвидување на судбината. Доколку сте од оние кои веруваат во гледање на дланка и ова е нешто слично. 

Обликот на вашите прсти открива каква личност сте.

Тип А

Имате тенденција да ги криете вашите чувства и да се однесувате меланхолично.

Често се преправате дека сте цврсти и кул, и понезависни одошто навистина сте.

Во суштина, вие сте доста емотивен тип. Се поставувате фино кон луѓето што ги запознавате.

Вие сте фер личност која мрази лаги, хипокризија и измама.

Малку сте ексцентрични и арогантни. Не можете да поднесете многу нешта.

Имате големо срце и сакате да помагате.

Ја завршувате секоја зададена задача дури и ако не сакате.

Многу сакате да се смеете и го правите тоа дури и кога нешто не ви е многу смешно.

Сите ваши мисли можат да се видат преку вашите експресии.

Ладни сте кон луѓето со кои не сте многу блиски, но доста емотивни кон оние со кои сте.

Тип Б

Не сте навикнати да преземате иницијатива за да им пријдете на луѓето.

Многу сте лојални. Штом се заљубите во некој, ќе им го дадете целото свое внимание и секогаш ќе мислите на нив.

Вие сте во суштина многу чувствителни, но не изгледате како да сте, бидејќи често штитите нечии чувства преправајќи се дека не знаете ништо.

Штом одлучите да направите нешто, максимално ќе се трудите да го завршите докрај.

Се плашите да бидете повредени, па се преправате дека ви е добро да сте сами, но всушност не ви е.

Останувате смирени дури и кога се чувствувате многу вознемирени поради нешто.

Изгледате како силна и независна личност која секогаш зборува остро иако имате меко срце и лесно можете да бидете повредени однатре.

Сакате да си замислувате разни нешта. Секогаш сонувате за некој што ќе ве разбира и сака и ќе ви дава сѐ што ќе посакате.

Тип В

Лесно се трогнувате.

Лесно се откажувате од нештата кои ве прават лути и не сакате да држите лутина.

Не сакате предизвици и не сакате да се занимавате со нешто што ви е непознато.

Го почитувате мислењето на другите луѓе.

Понекогаш може да сте наметливи. Вашето его е многу големо кога се расправате, но потоа први се извинувате.

Секогаш ги чувате вашите чувства и проблеми само за себе.

Не сакате да се преправате и добро знаете што сакате, а што не. Сакате луѓето да ви веруваат и да се потпираат на вас.

Имате меко срце и лесно можете да бидете повредени, па штом некој ви се извини, веднаш простувате бидејќи не можете да поднесете да бидете скарани со некого премногу долго.

Подгответе се за летно сметање на времето

Како и секоја година така и оваа година имаме промена од зимско во летно сметање на времето.

Во последниот викенд во март, односно оваа година летното сметање на времето почнува на 31 март во недела.

Така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе неколку години се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Утре е младенци - Ова се обичаите кои треба да ги направат младите брачни парови на овој голем празник

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.

Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Како што запишал фолклористот Марко Китевски, тој ден ден во повеќе краишта на Македонија е поврзан и со враќањето на птиците преселници, а извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Еден дел од нив, вели Китевски се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Денес многу од овие обичаи се заборавени. Но сепак празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

Еве кога ќе започне летното сметање на времето, не се разочарувајте!

Летното сметање започнува рано изутрина на 31 март во недела.

И тоа во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во март, оваа година ретко како тоа се случува на последниот ден од месецот.

Популарно