Внуката на Тито: Дедо ми ѝ го дал името на Македонија!

Во моментите кога во Брисел се собраа медијаторот за името Метју Нимиц и преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, грчкиот весник „Катимерини“ објави видување од внуката на Тито, Светлана Броз, во кое таа тврди дека нејзиниот дедо ѝ го дал името на Македонија!

Антимакедонскиот памфлет на родената белграѓанка, авторка на книгата „Добри луѓе во зло време“, основач и директор на невладината организација ГАРИВО (Градини на праведниот свет), вреди да се прочита во целост:

„Иако мојот дедо Јосип Броз Тито ѝ го ‘дал’ името ‘Македонија’ на една од шесте конститутивни републики на Југославија, очигледно е дека тој чин немал цел да создаде иредентистички тврдења кон нејзините соседи, со кои Југославија разви пријателски односи и плодна соработка.

Многу години скопските власти претставуваа карти на ‘Голема Македонија’, ширејќи ги ‘географските и етнички граници на Македонија’ во Бугарија, Албанија, Србија и Грција. Тоа ли е моделот на регионална соработка  што нашите пријатели во Скопје проповедаат дека го следат?

Европска унија, Обединети нации и меѓународната заедница инвестираа значителен политички и економски капитал и вложија големи напори во смисла на миротворни операции во поранешна Југославија и на хуманитарна помоша на Балканот. Тоа не беше залудно. Очигледно е дека меѓународната заедница бара клима на стабилност, соработка и согласност во регион во кој иднината е поврзана со развој.

Како што е добро познато, во согласност со Резолуцијата 817/1993 на Советот за безбедност на Обединети нации, на земјата ѝ беше овозможено членство во ОН под привремената референца ‘бивша југословенска Република Македонија’, во очекување на решавање на разликата за нејзиното име.

Понатаму, Советот за безбедност со резолуцијата 845/1993 ги повика ‘страните (Грција и поранешната југословенска Република Македонија) да продолжат со своите напори под покровителство на генералниот секретар за да дојдат до брз договор за останатите прашања’. Преговорите за тој договор сè уште траат, со олеснувањето од личниот пратеник на генералниот секретар, Метју Нимиц.

Прифаќајќи го приемот во Обединети нации под провизорното меѓународно име ‘поранешна југословенска Република Македонија’, во исто време прифаќајќи ја и процедурата во ОН ‘за продолжување на напорите под покровителство на генералниот секретар за доаѓање до брз договор’ за разликата за прашањето за името, а, сепак, продолжувајќи да го користи ‘уставното’ име ‘Македонија’ – кое не е прифатено во Обединети нации! – не претставува само измама и навреда на Обединети нации, туку и доказ дека тие се сметаат себеси ‘умни’, а сите други ‘идиоти’.

Би сакала само да поставам просто прашање: ‘Ако презентирате некому карта што го прекршува нивниот територијален интегритет, што би очекувале дека ќе сторат? Да ги прифатат вашите предлози? Би било ли можно тоа?

Сè додека карите на ‘Голема Македонија’ и соодветната иредентистичка политика се базирани на и произлегуваат од прашањето за името, тоа е ‘Македонија’, очигледно е дека тој поим не може да функционира.

Во интервју пред две години нагласив дека ‘политиката на Тито за мене е јасна: тој никогаш не би ја поддржувал идејата за инсистирање на името ‘Македонија’. Не можам да разберам зошто политичарите на Скопје беа толку тврдоглави во рамките на Обединети нации и на други места, наместо да се најде логична разлика меѓу овој дел на Грција и нивната нова држава. Нивната политика не беше мудра, бидејќи не вложија напор да најдат солуција со Грција. Не, мојот дедо никогаш не би инсистирал на тоа’.

Без оглед на какво било разгледување на историските корени или на историските аргументи, во овој случај сфаќаме дека стоиме пред преговорите од 1993 година во рамките на Обединети нации. Со сета почит и срдечно пријателство со нашите пријатели во Скопје, кога сме во преговори, не можеме да кажеме: ‘Ние се држиме до името Македонија и нема да разговараме за ништо друго’. Дефинирањето на она што не можеме да го прифатиме во преговорите дава индикација за нашата општа цел. Исклучува одредена област на дискусија, но оставајќи ја преостанатата област слободна. Сепак, единствено дефинирајќи го она што го сакаме, придржувајќи се кон тоа и не движејќи се ни милиметар надесно, ни милиметар налево, таквото однесување не е почеток на преговорите, туку нивен крај.

Терминот ‘Македонија’ секогаш се користел за поширока географска област, од која приближно 51 процент е дел од Грција, 38 отсто е во поранешна југословенска Република Македонија, а 9 отсто од неа е во Бугарија.

Според тоа, би било апсурдно од делот на Скопје да се инсистира на употребата на терминот ‘Македонија’ на исклучива основа. Затоа би сакала раководството во Скопје да стори сé што е можно за да најде решение.

Во античко време жителите на регионот на Македонија им се поклониле на исти богови како Грци, говореле на грчки јазик и учествувале на Олимписките игри, привилегија резервирана само за Грците. Сите филозофи и писатели од регионот Македонија, вклучувајќи го и Аристотел, пишуваале на грчки. Александар Велики, Александар Македонски или како и да сакаме да го наречеме не го ширел ‘македонскиот’ јазик, туку грчкиот јазик и цивилизација.

Ако некој има поинаков поглед на историјата, ова е академско прашање, а не политичко. Оставете им го на академиците.

Во изминатите децении, но и неодамна, постојано слушавме за ‘Голема Македонија’, ‘Голема Србија’, ‘Голема Хрватска’, ‘Голема Албанија’ и други националистички плачења. Навистина, премногу ‘големи’ држави во толку мала област!

Мојот сон е да ги видам сите конститутивни републики од поранешна Југославија како напредуваат и се развиваат, што би било несомнено поткрепено со пристапувањето во Европска унија и во НАТО. Мислам дека Метју Нимиц беше апсолутно во право кога изјави: ‘Време е да се најде решение за прашањето за името’.“

Светлана Броз е родена во 1955 година во Белград како најмало дете на Жарко Броз, најстариот син на Тито, и на Злата Јелинек-Броз. Од 2000 година живее во Сараево, а од 2004 е државјанка на Босна и Херцеговина. По вокација е докторка што специјализирала кардиологија, а се пројавува и како слободен новинар и граѓански активист. Во 2011 година добива „Национален орден за заслуги“ од тогашниот француски претседател Никола Саркози. Почесен граѓанин е на Тузла, родниот град на нејзината мајка.

Полицијата фаќа нов правец во потрагата по малата Данка

Двегодишната Данка Илиќ која се води за исчезната од вторникот, 26 март, околу 13 часот во Бањско поле кај Бор, се уште не е пронајдена.

Вчера попладне, по 27 часа, полицијата ја прекина теренската потрага бидејќи не верува дека девојчето се наоѓа на пребараниот простор од околу 10 квадратни километри.

Интензивната полициска работа продолжува до пронаоѓање на Данка Илиќ. Сега истрагата се движи во друга насока, а овие три важни индиции може да доведат до исчезнатата Данка.

1) Преглед на мобилниот телефон на мајката

Полицијата вчера го зела телефонот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче Данка и го испратила на вештачење, дознава „Блиц“.

Полицијата тоа го направи како дел од пошироката истрага за сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски. Податоците од телефонот на мајката на Данка би можеле да укажат на нови детали или луѓе од значење за случајот.

Треба да се напомене дека анализата на телефонот на мајката на Данка, како и тоа што родителите на исчезнатата Данка Илиќ вчера биле приведени во полиција на распит во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка, не значи дека тие се осомничени или обвинети за какво било кривично дело објаснуваат од истрагата за српските медиуми.

– Полицијата го проверува приватниот живот и контактите на членовите на семејството на исчезнатата Данка Илиќ. Не исклучуваат ниту една можност додека се детално не се испита – вели изворот на „Блиц“.

2) Анализа на податоци од базни станици

Откако теренската потрага по исчезнатата Данка Илиќ е прекината, се врши детална проверка на податоците од базните станици на мобилни телефони во областа Бањско поле, со цел да се утврди движењето на сите лица кои биле во близина на местото каде што исчезна Данка во кобното време во вторник.

Вкрстувањето на овие податоци со изјавите на сите лица со кои полицијата разговараше по исчезнувањето на девојчето може да укаже на можни недоследности во изјавите и да отвори нови можности во истрагата.

– Досегашните резултати укажаа на нов правец во кој треба да оди истрагата. Пребарувањето на теренот е прекинато, но работата за пронаоѓање на девојчето е интензивирана и нема да запре додека не се најде детето – изјави синоќа за „Блиц“ добро упатен извор.

3) Проверка на деталите од пријавата за исчезнувањето на малата Данка

Иако теренската потрага е прекината, истрагата за исчезнувањето на Данка продолжува, а сега се проверуваат приватниот живот и контактите на сите членови на семејството. Повторно се прочешлаат нивните изјави, како и деталите од пријавата на мајката на Данка за исчезнувањето на детето – времето на кобниот настан, каде отишле пред исчезнувањето, а каде отишла мајката по исчезнувањето.

Нејасно е и како 22-месечното девојче успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден. Затоа истражувањето на деталите за извештајот за исчезнатото лице може да помогне да се фрли ново светло на тој мистериозен момент во вторникот попладне.

Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“

Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.

Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.

Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.

Уште се трага по исчезнатото 2-годишно девојче во Србија

Во Србија се уште е безуспешна потрагата по двегодишно девојче од Бањско поле крај Бор, Данка Илиќ, која вчера попладне изчезна крај својот дом, а денеска потрагата се прошири и преку контрола на патните правци од Бор кон Зајечар и други населени места, јави дописникот на МИА од Белград.

-Данка Илиќ, стара две години исчезна во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле во град Бор. Девојчето исчезна на непристапен терен, обраснат со густа шума. Таа има кафена коса, кафени очи, висока е околу 85 сантиметри, во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, црни патики и косата и е врзана во опавче. Доколку имате информации јавете се во полиција на 192, добија за прв пат СМС порака граѓаните на Србија преку системот „Пронајди ме“ и со прекинување на ТВ и радио програмите, прикажување на екраните на автопатите, аеродромите, железничките и автобуските станици.

Се прегледавме. Шумата ја пребаравме 15 пати. Само постои можност некој од страна да не дошол и го собрал детето. Од тоа најмногу се плашам, изјави комшија на фамилијата Илиќ, изразувајќи сомнеж дека детето е киднапирано.

Според медимите, двегодишното девојче е исчезнато на работ од приградската населаба Бањско поле, каде има густа шума. Полицијата почнала со претрага 15 минути по пријавувањето на исчезнувањето, а потоа, за еден час пристигнале 200 полицајци кои извршиле безуспешна претрага во шумата и околу домот на девојчето. Претпоставка е дека двегодишно дете неможе далеку да отиде од својот дом.

Сомнежите дека девојчето е киднапирано за откуп се отфрлени од полицијата, оти нејзините родители не се добро ситуирани.

-Комшијата кажа дека таа била сама пред мојата врата, но јас не ја видов. Вакво нешто досега не се случило. Ова е многу жално. Навистина велам, не дај Боже на некој вакво нешто да му се случи. Душата ме боли и ми доаѓа да умрам, изјави жителка на Бањско поле.

Потрагата по двегодишното девојче трае над 24 часа, а се проверуваат домаќинства и викендици, патиштата, полињата, густата шума. На терен е полицијата, пожарникари-спасувачи, Жандармеријата со кучиња трагачи, рударите од градот и бројни граѓани. Во потрагата по девојчето во која се вклучени околу 2.000 луѓе се користат и дронови со термо камери и хеликоптери. Се врши и строга контрола на сите возила на патните правци околу Бор.

Во Србија за прв пат е лансиран системот Пронајди ме! кој е наменета за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице, со што ќе се овозможи брза дистрибуција на информации до сите граѓани преку субјектите надлежни за информирање на јавноста, кога полицијата ќе оцени дека објавувањето на оваа информација во јавноста би придонела за пронаоѓање на детето.

Популарно