Центар ќе ги избрише од планот шесте галии во Вардар

Шесте галии во Вардар ќе бидат избришани од планот „Мал ринг“, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, за „Макфакс“. Богдановиќ вели дека процедурата за менување на планот веќе ја почнале.

„На четвртата седница го отфрливме планот ‘Мал ринг’, со кој се предвидени галиите, заедно со уште три плана, кои сметаме дека се спорни. Процедурата е почната и тие сега се во Уставниот суд. Нашата интенција е да направиме целосно нови планови за чие подготвување и усвојување ќе бидат почитувани сите законски процедури. Во новиот план ‘Мал ринг’ не само што ќе бидат избришани трите галии што не се изградени, а постојат во планот, туку ќе ги избришеме и веќе изградените три“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Тој потсети дека галиите имаат третман на урбана опрема, а Град Скопје веќе ја разгледува можноста за нивна дислокација.

Три галии беа предвидени со планот „Мал ринг“ уште во 2010 година, а во многуте измени што ги претрпе планот нивниот број порасна на шест. Неизградени останаа две галии од левата страна на Вардар, од кои едната кај новиот театар, а другата кај колонадата „Независна Македонија“. Третата неизградена галија е од десната страна на Вардар во близина на Камениот мост кај Офицерскиот дом.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно