(ВИДЕО) Стјуардеса на себе го навлекла бесот на јавноста: Кога дознале што правела во авионот, веднаш ја отпуштиле

Една стјуардеса од кинеската авио-компанија "Урумки Ер" била отпуштена од работа кога на виделина се појавила снимка од авионот.

Камерите ја фатиле како го пробува секое јадење кое е наменето за патниците. 

Снимката била објавена и пред авионот да слета, а изгледа била направена од колега на стјуардесата, бидејќи таа изгледа дека е свесна дека некој ја снима.

Сите кои го погледнале видеото побарале објаснување од авио-компанијата и ги истражувале хигиенските услови во авионот.

Компанијата објаснила дека станува збор за храна која не им била послужена на патниците.

И покрај тоа, стјуардесата веднаш била отпуштена.

(Фото) Раста итно хоспитализиран

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста денеска е итно хоспитализиран, а фотографијата од Итната помош ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Раперот дошол во болница со силни болки во грбот придружуван од својата девојка Марија Балабан, која се фотографирала заедно со него, додека тој лежел на креветот покриен со јакна.

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Марко „Дај побрзај“ стана татко за прв пат

Водителот Марко Новески познат како Марко „Дај побрзај“ и неговата сакана Цена стапија во брак пред три години, а денес им се исполни најголемата желба да станат родители.

На социјалните мрежи Марко сподели дека станал татко на близначиња. Тој  објави и прва фотографија од новороденчињата под која напиша: „Добредојдовте Вања и Веда. Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам!“ 

Честитки на новите родители, да се здрави и живи и заедно да поминуваат само убави моменти. 

Популарно