Претепан скопјанец во населбата Аеродром

На 19.01.2018 година во 23,20 часот С.С.(54) пријавил дека истиот ден околу 19.30 часот додека се движел по бул.“Јане Сандански“ кај Трговскиот центар “Бисер“ пред угостителски објект физички бил нападнат од страна на три непознати лица на возраст од 20-25 години.

Лицата го нападнале удирајќи го со раце во пределот на лицето, при што му биле нанесени видливи повреди. С.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“, но бидејќи бил под дејство на алкохол, прво бил однесен на клиниката за токсикологија, каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил однесен во Ургентниот центар, каде по извршениот преглед  и ренгенска снимка била констатирана тешка телесна повреда (фрактура на нос). Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопјанец вешто измамен – му побарале 1.000 евра за абортус на ќерката, земале и избегале

Во полициската станица во Центар, 71-одишниот Ј.К. од Скопје вчера пријавил дека истиот ден во времето меѓу 14.00 и 15.00 часот на ул.“Владимир Положанов“, бил измамен од страна на две непознати машки лица.

Според пријавителот додека тој се движел кон пазарот “Буњаковец“ му пришле двете лица од кои повозрасното лице му рекло дека се странци и дека немаат денари коишто му биле потребни за да и ги даде на жена му заради наводен абортус на нивната ќерка.

Оштетениот од банката во близина извадил 60.000 денари му ги дал на едното лице кое пак за возврат како залог му дало наводно златен ланец (копија на злато), по што двете лица заминале и не се вратиле.

Се работи на расчистување на случајот.

(ВИДЕО) Заев најави дека ќе го продаде „мерцедесот“ од 600 илјади евра, а денеска во него се возеше Столтенберг

„Македонија се менува“, „Нема да ја изневерам вашата доверба“, „Го имате мојот збор“, со овие зборови лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го почна говорот на централниот митинг пред Владата во октомври минатата година.

Заев изјави дека ќе го вратат „мерцедесот“ на Никола Груевски и со тие пари ќе набават амбулантни возила за клиниките во Македонија.

„На 15 октомври да ги заокружиме промените во Македонија“, рече Заев.

„Да ја ослободиме Македонија од остатоците на режимот!  Да стигне животот во секој град, село, во секое катче… Бараме поддршка од левичари, десничари, центристи, сите…“, рече тогаш Заев.

Но, денеска Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со премиерот Зоран Заев во Владата пристигна токму со тој фамозен „мерцедес“ од 600 илјади евра, за чија набавка на крајот на месецов на обвинителна клупа треба да седнат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Мерцедесот ниту е продаден, ниту е заменет за амбулантни возила или инкубатори за бебиња. Зошто мерцедесот сеуште не е продаден, никој не знае, ниту пак дава одговори. Зошто е така? Можеби затоа што јавноста и медиумите повеќе не се заинтересирани и не прашуваат што се случи со приказната за “мачките и мерцедесот”.

Инаку, Столтенберг е последниот од високите странски функционери кои за време на нивните посети на Скопје се возеа во владиниот „мерцедес“ со регистарски таблички СК 2936 АЦ (SK 2936 AC).

Од високите гости од странство, прв во „мерцедесот“ седна поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, за време на неговата посета во јули 2012 година, а во „она на М“ како што го нарекуваше Груевски во „31.бомба“ што СДСМ ја објави во 2015 година, се возеше и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов за време на неговата посета на 1 август, минатата година, кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Владата се ракуваше со премиерот Зоран Заев, и потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев – „мој херој“.

Ова е на самиот крај од видеото. 

Популарно