ХОРОСКОП: Што му рекол Бог на секој хороскопски знак?

Овен
Тебе прв ти го давам ова семе за да ја имаш честа да го посееш пред сите останати. За секое семе кое ќе го посееш, во твојата рака ќе се размножат милион нови. Но, нема да имаш време да гледаш како секое семе расте, бидејќи ќе пораснат повеќе растенија од она што си планирал. Ти ќе бидеш првиот кој со мојата идеја ќе допре до умот на луѓето. Твојата работа нема да биде да ја негуваш таа идеја ниту да ја преиспитуваш, туку да ги правиш луѓето свесни за моето постоење. Твојот живот ќе биде акција, акција и само акција. Заради твојата посветена работа, ти подарувам самодоверба.

Бик
Ти подарувам моќ да создадеш семе од материјата. Ти доверувам голема работа која бара исклучителна трпеливост, бидејќи мораш да го довршиш она што си го започнал инаку семето ќе отиде во неповрат. Додека не ја довршиш својата задача немој да се преиспитуваш и да се потпираш на другите. Затоа ти подарувам сила, но мудро користи ја.

Близнаци
Тебе ти давам прашања без одговори за да ги споделиш со останатите со цел да го сфатат сѐ она што ги опкружува. Ти никогаш нема да знаеш што луѓето зборуваат или слушаат, но во нивната потрага по одговори ти ќе го најдеш мојот подарок – знаење.

Рак
Тебе те задолжувам да ги научиш луѓето за чувствата. Благодарение на мојата идеја, ти кај нив ќе предизвикаш смеење и солзи за да би сфатиле дека сѐ што гледаат и помислуваат настанува однатре, од длабочината на душата. Ти подарувам семејство за да можеш уште повеќе да ја покажеш својата исполнителност.

Лав
Твојата задача ќе биде да му укажеш на целиот свет за моето постоење во полн сјај. Сепак, морa да бидеш внимателен, не премногу горд и никогаш не заборавај дека јас сум оној кој го создаде светот и сѐ во него, а не ти. Доколку заборавиш, луѓето ќе те презираат. Работата која ти ја доделувам е забавна и радосна, но под услов да ја работиш правилно. Затоа ти подарувам чест.

Девица
Тебе ќе ти дадам задача да истражиш што направило целото човештво со она што го имам создадено. Треба да ги надгледуваш сите луѓе и да ги потсетуваш на нивните грешки. Заради тоа што ќе го направиш во мое име ти подарувам чистина на мислите.

Вага
Твојата мисија ќе биде да служиш како пример на кој луѓето би се огледувале и според кој би се однесувале обѕирно кон останатите. На тој начин ќе научат дека сите мора да соработуваат заедно, но и да размислуваат како она што го прават може да влијае на другите. Ќе те поставам негде каде што има неслога, но за возврат ќе ти подарам љубов.

Скорпија
Ќе имаш многу тешка задача. Ќе знаеш што мислат другите, ќе можеш да продреш во нивниот ум, но јас нема да ти дозволам да зборуваш за она што тие го знаат. Ќе има многу случаи кога ќе те заболи она што ќе го видиш и во таа своја болка ќе се свртиш против мене и ќе заборавиш дека тоа не сум јас, туку некој изопачен облик на моите идеи кој предизвикува болка. Ќе видиш многу нешта, како луѓето се однесуваат како животни, па и самата ќе се бориш со она животинското во себе и ќе се изгубиш, но кога конечно ќе се вратиш на вистинскиот пат, и ќе се свртиш повторно кон мене, ќе ти подарам возвишена цел.

Стрелец
Од тебе барам да ги научиш луѓето да се смеат како не би постанале огорчени бидејќи не ја разбираат мојата идеја. Благодарение на насмевката ќе им подариш надеж, а таа надеж ќе ги поттикне својот поглед повторно да го свртат кон мене. Ќе влијаеш на многу животи, макар и на момент, но ќе спознаеш и немир, кој постои во секој човек. Затоа ти подарувам бесконечна благосостојба која ќе можеш да ја шириш насекаде и со светлина да го допреш секое ќоше во кое владее мрак.

Јарец
Твојата задача нема да биде ни малку лесна бидејќи ќе мора да ги подучиш луѓето да работат. Често ќе ја носиш сета грижа на светот на своите рамена, бидејќи тој товар ја содржи одговорноста на твоите браќа и сестри, која ја ставив во твоите раце.

Водолија
Тебе ти го подарувам концептот на иднината како луѓето би увиделе дека имаат неколку можности во животот. Ќе чувствуваш болка заради твојата осаменост, бидејќи не сум ти дозволил да ја персонифицираш мојата љубов. Но, затоа што на луѓето ќе им обрнуваш внимание на фактот дека постојат нови можности за нив, ти подарувам слобода да можеш да продолжиш да му помагаш на човештвото каде што твојата помош ќе биде потребна.

Риби
Тебе ти ја давам најтешката задача од сите. Ќе ја собираш сета тага на овој свет и ќе ми ја враќаш мене. Твоите солзи на крајот ќе бидат само мои. Благодарение на тие солзи ќе го апсорбираш влијанието на човековото неразбирање на моите идеи, но ќе сочувствуваш со нив и ќе ги натераш сепак да се обидат да ги сфатат. Бидејќи ја имаш најтешката задача, тебе ќе ти го дадам најголемиот дар – ти ќе бидеш единственото дете од дванаесетмината кое ќе ме разбере. Овој дар на разбирање ти го давам бидејќи ќе ти значи кога ќе се обидеш да го рашириш меѓу луѓето и кога тие нема да сакаат да слушаат.

Дневен хороскоп

Oвeн – Нема потреба за брзање, но важно е да ги контролирате соработниците кои се директно поврзани со финансии. Проверете ги најважните документи неколку пати. Опуштено атмосфера иа позитивно разположение денеска ви дава добра основа да планирате и да направите еден успешен потег кон новата симпатија.

Биĸ – Обидете се да не носите избрзани одлуки. Занимавајте се со тековните обврски. Нова симпатија би можела да ви го насочи вниманието. Пред вас е поволен ден да направите еден директен потег.

Близнaци – Можно е склопување на некои нов работен договро, а можеби ќе ви бидат потребни и нови соработници или некоја обука. Израдувајте ја саканата личност со некој фин подарок, излегување, бидете весели.

Paĸ – Слушајте ја својата интуиција денеска. Максимално потрудете се на работното поле да бидете посветени и доследни. Во љубовта колку и да се обидувате да избегнете некои теми и разговори, тие повторно ќе се наметнуваат од друга страна и ќе бараат јасни одговори.

Лaв – Имате доволно поволни предиспозиции да успеете во своите намери, ако не сте поставиле премногу високи цели. Можно е денеска да запознете една симпатична личност. На вам е да се препуштите и да уживате во случувањата.

Дeвицa – Вие избивате во преден план кога е во прашање работата, но ако тоа не е неопходно, денеска не е лошо малку да се повлечете, со цел да избегнете проблеми со надредените. Однесувањето на партнерот може непријатно да ве изненади. Трпеливо обидете се да дознаете за што станува збор.

Baгa – Иако денеска околностите може да бидат комплицирани, упорни сте да остварите работен успех. Излегувајте, ве очекуваат пријатни и романтични моменти и би требало да уживате и максимално да се посветите во барање на нов партнер.

Cĸopпиja – Потрудете се некои договори порано да ги завршите на најдобар начин и така да ставите крај на еден доста успешен работен циклус. Овој ден носи потенцијални фини познанства во најава, па ете прилика да се опуштите и да уживате во флерт.

Cтpeлeц – Потрудете се да се фокусирате максимално затоа што би можеле да се најдете во ситуација на едно да мислите, а на друго да зборувате, а сосема трето да правите. На вашиот љубовен хоризонт, променливо расположение. Потрудете се да биде се коректно од ваша страна.

Japeц – Занимавајте се со актуелните обврски и бидете трпеливи. Ќе има уште прилики да се докажете. Анализирајте го секој детал и немојте да дозволите нешто да ви помине неприметно. Немојте да се оптоварувате себе и саканата личност со некои непотребни детали од минатото. Бидете опуштени. Ќе ви годи некое заедничко излегување.

Boдoлиja – Можни се иновации во процесот на работа, и ќе бидете максимално вклучени во сите текови. Тоа ментално и физички ќе ве исцрпи, но ќе успеете се да завршите. Многу убав ден да се посветите на некои заеднички активности и планови во врска со уредување на животниот простор.

Pиби – Обидете се да го усогласите очекувањата и можностите и внимавајте да не направите пропусти во размена на информацијата. Нема причина да се плашите од директен и конкретен разговор со саканата личност, но не е поволен ден да носите важни одлуки.

Овие неколку хороскопски знаци ги очекува лош ден

Овен

Премногу сте тврдоглави и бурно реагирате на сите страни, што не е добро за вашата деловна страна. Не се потпирајте премногу на другите, туку барајте сила во себе и завршете ги работите во ваша корист. Главоболка.

Бик

Љубовната ситуација е многу напната поради вашето непроменливо мислење. Партнерот бара од вас многу повеќе отколку што вие сте спремни да дадете. Потрудете се да се посветите на комуникација со вашето семејство до крајот на денот.

Близнаци

Во овој момент учите да се почитувате себеси и вашето знаење. Никој нема право да ве сврти против нив, но мора да знаете како да го заштитите вашето место во околината. Љубовните врски денес се многу добри поради вашата искреност.

Рак

До крајот на денот внимавајте каде и што зборувате и коментирате. Не дозволувајте другите да ве злоупотребуваат само за свои деловни интереси. Вашето семејство е голема поддршка за се што ви треба во текот на денот.

Лав

Вашето однесување се менува од ден на ден, а во текот на денот ќе бидете многу променливи токму поради емотивниот хаос кој го чувствувате со денови. Партнерството е многу нестабилно благодарение на љубомората на партнерот. Бидете доследни на себе и вашите планови.

Девица

Во следните неколку дена ќе доцните со реакциите на туѓите енергии и водете сметка како тоа влијае на вас и на вашето расположение. Финансиската ситуација не е баш добра и бидете подготвени на компромиси со партнерот.

Вага

Денеска ќе ги анализирате емоциите и деловните резултати бидејќи ќе имате можност да се посветите на себе и на вашите планови. Немојте да се изненадите ако другите ве користат за свои цели затоа што премногу верувате.

Шкорпија

Денес е многу комплициран ден и многу е важно паметно да го искористите. Не дозволувајте да правите ненадејни и нереални потези. Не можете емотивно да се затворите затоа што треба да се свртите кон сегашниот момент.

Стрелец

Месечината и Меркур ви создаваат чувство на нестабилност, а тоа се однесува на деловната страна и соработката со луѓе од странство. Чувство на напнатост создава личност под знакот на Водолија која е голема пречка во вашиот бизнис. Свртете се кон себе.

Јарец

До крајот на денот ќе бидете оптоварени со работи кои ви се случуваат кои не можете да ги контролирате а тоа се однесува на партнерскиот однос. Обидете се да не реагирате од позиција на лутина бидејќи само така можете да го надминете негативното влијание на Марс.

Водолија

Во следните неколку дена ќе бидете многу оптоварени со работи поврзани со пари и заработка. Обидете се да се организирате многу подобро кога станува збор за тој дел од вашиот живот и не се обидувајте да им угодите на сите. Можни проблеми со грлото.

Риби

Ситуацијата во кругот на семејството е стабилизирана благодарение на вашата врска и вашата желба да ставите се во совршен ред. Деловната ситуација е коректна во смисла дека вашата комуникација со другите е на завидно ниво. Проблеми со спиењето.

Четири хороскопски знаци ќе се збогатат во втората половина на април

Астролозите сугерираат дека одредени хороскопски знаци ќе имаат поголема среќа на финансиски план и дека ќе можат да се збогатат во втората половина на април.

БИК

Биковите уживаат ненадејна финансиска добивка благодарение на долгорочните инвестиции. Планетите сугерираат дека нивната трпелива инвестиција во недвижен имот или акции ќе вроди со плод овој април.

Совет: Останете отворени за можностите за препродажба и не плашете се да правите храбри потези ако вашата интуиција ви каже дека е вистинското време.

ШКОРПИЈА

Шкорпиите можат да очекуваат неочекувана финансиска добивка преку наследство или поволен исход на правни спорови. Во овој период, тие може да добијат вести за судски сослушувања кои неочекувано завршиле во нивна корист или исплати за осигурување кои доаѓаат како резултат на долги правни процедури.

Совет: Бидете подготвени да ангажирате стручни финансиски советници за паметно да управуваат со вашето ненадејно богатство.

ВОДОЛИЈА

Водолиите би можеле да доживеат финансиски бум преку иновативни проекти или почетни инвестиции. Со оглед на нивната склоност кон технологија и иновации би можеле да откријат или лансираат нов производ кој привлекува големо внимание од инвеститорите или доживува комерцијален успех.

Совет: Бидете отворени за неконвенционални пристапи и нови технологии, тие би можеле да бидат клучот за вашиот финансиски успех.

СТРЕЛЕЦ

Неочекуваната финансиска добивка за Стрелецот би можела да дојде од меѓународни работи или образование.

Совет: Истражете ги можностите на меѓународниот пазар и не плашете се да инвестирате во вашето образование.

Популарно