Зошто таа не сака орално да ве задоволи

Иако, оралниот секс е честа предигра, сеушта има жени кои не уживаат во него, па нивните партнери со тек на време се помируваат со тоа. Но, има можност и самиот партнер да ја одбива од тоа сексуално дејствие со работи кои ги прави погрешно.

1. Не ги контролира рацете

Односно, објаснува авторката и сексолог Ава Кадел, и ја туркате главата надолу кога ќе почне да се спушта. Кадел тврди дека жените најчесто се жалат токму на тоа, бидејќи, што и да гледате во порно филмовите, жените не уживаат кога нивната глава ќе биде третирана како топка. Наместо тоа,подобра идеја е да и дадете комплимент за тоа колку е добра во пружањето орално задоволство и дека убаво изгледа додека го прави тоа.

2. Не се предупредени на време

Жената прво би требало да биде прашана дали има нешто против пружање орален секс, но и доживувањето на врхунецот за време на овој вид задоволство. Ако не сака мажот да го доживее врхунецот ниту блиску до нејзината уста компромис може да биде било кој друг дел од телото. „Немојте да претпоставите дека ќе и се допаѓа се’ што сакате да правите“ предупредила Кадел.

3. Не ги враќаат услугата

Многу мажи мислат дека имаат право на уживање во орален секс, а дека немаат должност да ја вратат услугата. Тоа е потполно погрешно. Ако на жената често не и пружате орален секс, немојте истото да го очекувате од неа.

4. Го занемаруваат уредувањето

Срамните влакна задржуваат непријатни мириси, тврди сексологот Кадел. Не е пријатно да се види неуреден интимниот дел кај мажите, како и кај жените. Ако малку ги средите срамните влакна, или потполно ги отстраните, ќе и дадете простор и попријатен мирис.

5. Преспори се

Ако на мажот при орален секс му требаат 10. минути да доживее оргазам, партнерката би можела да се откаже од така напорен маратон. Ако повеќе време минете во предигра, побргу би можеле да дојдете до врхунецот во орален секс. Ако предолго време мине „таму долу“ направете пауза за да сами се допирате или предложете и таа да го прави тоа, додека вие гледате.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно