Кој може да го наговори мажот на развод?

Четвртина од мажите ќе донесат одлука за развод на бракот под влијание на својот машки пријател кој и самиот минал низ развод.

Мажите на развод можат да ги наговорат нивните машки пријатели, покажуваат резултатите на анкетата спроведена во Велика Британија. Додека жените до одлуката да се разведат доаѓаат посамостојно, мажите веројатно паѓаат под влијание на разговорите со разведените пријатели. 

Со оглед на тоа што врз мажите е полесно да се влијае, кога еден од друштвото ќе се разведе, доаѓа до домино ефект пришто разведениот ги поткопува браковите на своите пријатели, се наведува во извештајот кој го објавила британската адвокатска фирма распрашувајќи ги поранешните двојки зошто се разделиле.

Речиси еден од четворица мажи (23 отсто) рекол дека бил под влијание на пријателите кои веќе биле разведени, а само 15 отсто жени ја донеле оваа одлука под туѓо влијание.

Анкетата покажала и дека членовите на семејството се помалку влијаат врз нечиј развод, затоа што само 10 отсто од мажите и девет отсто од жените изјавиле дека биле под влијание на семејството.

Се посрамотила на родителски состанок: Кога и покажале што нацртала ќерката за домашно, пропаднала во земја

Мајката Маргарет Стивенсон од Килмарнок во Шкотска доживеала невиден срам кога дошла на родителски состанок во училиштето на својата ќерка.

Оваа 39-годишна мајка сакала да пропадне во земја кога видела што нацртала нејзината седумгодишна ќерка за домашна задача.

Девојчето Луси, имено, ја нацртало мајката во кревет како повраќа после една пијана ноќ и покрај тоа напишала:

– Во неделата мојата мајка беше болна. Пиеше одвратни сокови и требаше да се одмара.

Учителката одговорила: – Се надевам дека брзо ќе биде подобро.

(ВИДЕО) Момче ја запроси својата девојка: Реакцијата на нејзиниот татко стана вистински хит на интернет

Девојка со име Савана Ајас од американската сојузна држава Тексас во нејзиниот дом ја запросило нејзиното момче, а се пред очите на целото семејство.

На интернет се прошири урнебесно видео од едно „запросување“, но она што забавува е реакцијата на таткото кој гледа како неговата ќерка за запросува нејзиното момче.

Имено, станува збор за првоаприлска шега, но таткото не го очекувал тоа.

Девојка со име Савана Ајас од американската сојузна држава Тексас во нејзиниот дом ја запросило нејзиното момче, а се пред очите на целото семејство. Додека браќата возбудено врискале, мајката се снимала, а таткото буквално занемел.

Само во неверување гледал што се случува. Иако неговата сопруга барала да коментира, тој не сакал да каже ништо.

На крајот девојката викна „први април“, па на таткото претпоставуваме му паднал камен од срцето.

Видеото на Твитер го објави главната актерка од целата приказна со порака дека „успешно го насамарила својот татко“, а снимката е прегледана повеќе од 5,5 милиони пати.

Исповед на скопјанка: Не сфаќав што се мајка ми правеше за нас, се додека и самата не станав мајка

Марина е мајка од Скопје. Таа изразнала само со својата мајка. Родителите се оставиле уште кога таа била дете.

Денеска кога и таа е мајка се чуди и симнува капа на својата мајка, како успеала да се избори со се и со секого. Како своите деца ги изнела на прав пат, без да се жали.

Нема да лажам. Додека растев, понекогаш ми беше тешко.

Мајка ми беше самохрана мајка. Деновите ги поминуваше како учителка и цел ден беше со деца и дома си доаѓаше потполно исцрпена.

Понекогаш беше толку уморна што се враќаше дома и се заклучуваше во својата соба и молчеше. Имаше многу солзи и расправии. Понекогаш се каравме силно, понекогаш плачев. Понекогаш и таа плачеше.

Но, секогаш имаше добри денови и секогаш се смирувавме. Во поладневните часови нѐ носеше мене и сестра ми во град за да јадеме сладолед. Понекогаш само се возевме наоколу. Понекогаш шетавме на кеј.

Секогаш ја сакав мојата мајка и неверојатно ја почитував, и покрај сите расправии. Таа беше мојата карпа. Знаев дека безусловно ме сака. Знаев дека секогаш, ама баш секогаш ќе биде покрај мене. И тоа е единствената причина поради која јас и сестравме израснавме во силни жени.

Дали разводот ќе влијае на децата? Секако, еве јас и сестра ми станавме независни жени кои знаат да љубат со целото срце.

Мислам дека не сфаќав што се мајка ми правеше за нас, се додека и самата не станав мајка. Најраните години од детството на моето дете ме удираа во лице. Се мачев со млекото, со секакви обврски и многу малку спиев. Се обидував да ги задоволам потребето на ова малечко суштество чие постоење зависеше од мене.

Но, јас имав помош. Имав маж кој поеднакво беше ангажиран околу родителските должности.

Од оваа гледна точка, не ми се веруваше како мајка ми го правела ова сама. Мојот татко беше добар татко. Беше тука за мене кога бев дете. Но, кога сестра ми се роди, мајка ми беше сама во тие бескрајни, непроспиени ноќи. Помагав, но сепак имав само 5 години, па така мојот досег на помош беше ограничен.

Немам поим како го направи тоа, но неверојатно многу сум и должна.

Јас не сум самохрана мајка, но имам драги пријателки кои се и навистина се трудам да ги поддржам со сето срце. Ако постои една работа која би можела да им ја кажам на самохраните мајки, тоа е:

Го можеш тоа!

Супер ти оди. Не си совршена. Сите мајки се несовршени. Но, со самото обидување и присутност вие создавате магија за своите деца. Давате се, дури и кога мислите дека не ви оди. Тоа е она што им е потребно на вашите деца – ВИЕ. Вашето присуство и љубов. Тоа е нивното сидро.

Понекогаш не го гледате тоа. Децата се незгодни: плачат. Знам дека лежиш на крајот на денот и плачеш. Знам дека сакаш да бидеш два родители во исто време. Сакаш да имаш некој кој ќе ти помогне. Само сакаш да дремнеш, да спиеш неколку дополнителни часови во денот.

Но, супер ти оди! И најважната работа која треба да ја знаеш: Твоите деца ќе бидат добро. Твоите деца ќе сјаат.

Ти благодарам. Ти благодарам што сите овие години вложуваш крв, пот и солзи во животот на твоето дете. Фала ти што го жртвуваше твојот сон и здравје. Децата можеби нема да ти се заблагодарат, но нив навистина им значи тоа. Знам дека не изгледа секогаш така, но секој ден ја правиш најважната работа на светот. Затоа – опушти се малку, држи ги децата близу себе и биди среќна.

Одлично ти оди!

Популарно