(ФОТО) Таа го освои уште кога беше „никој“, а Кутињо признава: Без неа ништо немаше да биде исто!

Кутињо моментално е една од најголемите ѕвезди во европскиот фудбал, а откако премина во Барселона за 160 милиони евра, медумите постојано пишуваат за него, па и за неговиот приватен живот.

25-годишниот Бразилец веќе десетина година покрај себе ја има година дена помладата Аине, со која почнал да се забаува кога имал 14 години. Додека беше член на Васко де Гама, Интер, Ливерпул па сега и Барселона, Кутињо секогаш покрај себе ја имаше својата сопруга.

Се запознале на една забава во Бразил и од тогаш не се разделуваат. Аине го следи секаде и го гледа секој негов натпревар.

„Аине има огромна улога во се што правам. Не одевме заедно на училиште ниту имавме заеднички пријатели, се запознавме на една забава и свативме дека тоа е тоа. Ме праша дали сакам да бидам нејзино момче. Почнавме се почесто да се гледаме и нашата врска беше се посилна и посилна. Без неа ништо не би било исто“, истакна Кутињо.

Плод на нивната голема љубов се ќерката Марија и синот Филипе Јуниор.

(ВИДЕО) Душебаев: Со Раул работев уште од дете, но вечерва немам друг избор освен да го победам

Алекс Душебаев вели дека има голема почит кон Раул Гоналез и Македонија, но вечерва единствена негова цел е Шпанија да победи.

Голема е приврзаноста помеѓу Шпанија и Македонија кога станува збор за ракометот. Раул Гоналез за прв пат ќе се сретне против својата земја, а во Шпанија еден од клучните играчи треба да биде поранешниот вардарец, Алекс Душебаев.

„Со Раул работев уште како дете, бидејќи, пред да дојдам во Вардар, бевме во Сиудад Реал, кога тој беше помошник тренер на татко ми. Секако дека имам голема почит за него како личност, но и за Македонија како земја, бидејќи во Македонија ме третираа одлично. Бев среќен додека играв таму и таа секогаш ќе остане една од моите омилени земји. Меѓутоа вечерва немам други избор освен да ги победам и Македонија и Раул, бидејќи влогот е голем. Победа против ривал кој веќе има три поени ќе нè задржи на патот до нашата цел, додека пораз би бил огромен чекор назад“, вели Алекс Душебаев.

„Македонија е составена од многу добри играчи кои не се големи но се силни. Мислам дека ќе се обидат да ја прекинат циркулацијата на топката во нашите напади“.

„Кире Лазаров е еден од најдобрите ракометари во светот. Имам фантастичен шут и е способен да го носи целиот тим на грб. Имаме голема почит кон него“.

Очекувана е атмосферата во Вараждин пред мечот против Шпанија. Фан зоната која е планирана за македонските навивачи уште сега е полна и постојано ечи македонска песна. Се надеваме дека така ќе биде и по завршување на мечот против „црвената фурија“.

“Излези Ѓурѓо” ечи во фан-зоната во Вараждин 

(ФОТО) Најубавата одбојкарка во светот го запали интернетот со секси фотки

Бразилската одбојкарка Таиса Менезес се опорави од тешката повреда, па се почесто објавува секси фотки на социјалните мрежи.

Таиса кога и да се појави на терените измамува воздишки кај посилниот пол, а многумина ја сметаа за најсекси одбојкарка на светот.

Нејзиниот Инстаграм профил е полн со секси фотографии, а кога ќе го видите ќе заклучите дека со право го носи тој епитет.

 

A vida começa onde o medo acaba! BOA NOITE PESSOAS LINDAS!!!

A post shared by Thaisa Daher 🥇🥇 (@daherthaisa) on

 

Boa noite! 😘💋

A post shared by Thaisa Daher 🥇🥇 (@daherthaisa) on

Популарно