„Пасатот“ на министрот преку две полни линии во центарот на Скопје

По притисокот на јавноста, министерот за правда, Билен Саљији, се одвикна да го остава службеното возило на тротоарот пред Министерството за правда, но сега е истото возило е фатено како прави сериозен прекршок во сообраќајот. На фејсбук бејџот „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена фотографија на која јасно се гледа како истото возило излегува на улицата пред Министерството, при тоа газејќи две полни линии.

Претходно Саљији се најде на мета на јавноста затоа што неговиот „пасат“, паркиран на тротоар, го блокираше поминувањето на пешаците. Министерот потоа вети дека тоа нема да се повтори. Непосредно потоа Град Скопје постави столпчиња долж улицата „Даме Груев“, со што и спречи идна узурпација на тротоарот.

Како да ги платите заостанатите сметки за вода и смет без камати и на рати?

Скопските јавни претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

„Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15. октомври до 3. ноември годинава“, се наведува во соопштението.

Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, појаснуваат од „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ и додаваат дека и натаму ќе спроведуваат мерки и проекти во интерес на граѓаните на градот Скопје.

ФОТО: Хероите од цртаните филмови ги посетија децата на детска клиника

Дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, вчера на Клиниката за детски болести во Скопје, организираше вежба како атракција за сите хоспитализирани деца и случајно затекнати граѓани.

Сите членови беа маскирани во костими на омилените Супер херои од цртаните филмови, и спуштајќи се по јаже им делеа среќа на децата.

Црвен Крст велат дека целта на настанот, е да им се даде поддршка на овие дечиња на кои им е ставрно потребна. Јуначки да ги поминат деновите за време на престојот во Детската Клиника и секако да го разубават нивниот ден. 

 Браво за оваа убава и хумана акција.

Популарно