(ВИДЕО) Татко го бања бебето, а тоа не прекинува да се смее

Видеото прикажува поврзаност на татко и бебе додека тој му подготвува бања. Особено е интересен моментот во кој бебето не може да прекине со смеење по овој потег на таткото. Тој навистина има смисла за хумор, кој бебето го препознава.

(ФОТО) Кој на кого личи? Вака изгледаат сестрата и мајката на Дадар

Најдобриот и најпознатиот македонски стилист Александар Билјановски – Дадар неодамна го отвори новиот салон за разубавување, па сега таму е вистинска врвулица од клијенти.

Меѓу нив – плејада на познати лица, јавни фаци од естрадата, модата, медиумите, уметноста, културата… но понекогаш и понекоја дама која за него е многу повеќе од сите нив! Но, да не се разбереме погрешно, секоја чест на муштериите… Почит кон секој клиент, ама сепак, „крвта не е вода“!

Имено, малкумина знааат дека нашиот популарен стилист не е единец. Иако тој самиот речиси никогаш јавно не зборувал за своето семејство, тој сепак има сестра… и тоа близначка и постар брат!

Како и повеќето близнаци, така и тие имаат некои заеднички карактеристики, па дури и слични имиња, тој е Александар, а таа Александра. Но, сепак физички речиси и воопшто да не личат.

Тој црн, таа русокоса, со сосема поразличн црти на лицето и физиономија од неговата. Сестрата – близначка на Дадар многу повеќе наликува на нивната мајка Зоре отколку што си личат со родениот брат.

Кој може да го наговори мажот на развод?

Четвртина од мажите ќе донесат одлука за развод на бракот под влијание на својот машки пријател кој и самиот минал низ развод.

Мажите на развод можат да ги наговорат нивните машки пријатели, покажуваат резултатите на анкетата спроведена во Велика Британија. Додека жените до одлуката да се разведат доаѓаат посамостојно, мажите веројатно паѓаат под влијание на разговорите со разведените пријатели. 

Со оглед на тоа што врз мажите е полесно да се влијае, кога еден од друштвото ќе се разведе, доаѓа до домино ефект пришто разведениот ги поткопува браковите на своите пријатели, се наведува во извештајот кој го објавила британската адвокатска фирма распрашувајќи ги поранешните двојки зошто се разделиле.

Речиси еден од четворица мажи (23 отсто) рекол дека бил под влијание на пријателите кои веќе биле разведени, а само 15 отсто жени ја донеле оваа одлука под туѓо влијание.

Анкетата покажала и дека членовите на семејството се помалку влијаат врз нечиј развод, затоа што само 10 отсто од мажите и девет отсто од жените изјавиле дека биле под влијание на семејството.

Популарно