Видео од снимањето на дел од фотосесиите за новиот календар 2018

Биџеј Продукција во 2017-та година имаше низа на успешни проекти од Видео продукција и маркетинг сервис на фирми во државата и надвор, како што беше изработка и монтажа на видео спотови на фирми за спортски и тереснки возила, архитетктонски фирми за елитни домови, помош во филмски монтажи и видеа од домашната сцена дури и до луди журки на море.

На 31- ви декември минатата година неочекувано излезе и видеото од подготовката на доста провокативниот календар на Биџеј Продукција кој од деновиве сеочекува да се продава во продавниците на Југотон ..

Погледнете видеото за новиот календар 2018 …

Виски со вкус на порно актерки!

Порно ѕвездите Тори Блек и Џој Велсен со своите секси тела придонеле во правењето на новото виски "Х". Тоа значи дека луѓето кои имаат повеќе пари од памет, ќе можат да уживаат во овој пијалак со вкус на порно актерки.

На веб страницата на алкохолот пишува дека ова виски е блендувано на уникатен начин

Нашето виски го блендуваше најубавата жена во светот. Не само што квалитетот на овој пијалок ќе го забрза работењето на вашето срце, туку и самата помисла дека вискито кое го пиете го допирало телото на жените од вашите соништа ќе ве остави без текст".

Иако од компанијата не е објаснето како порно ѕвездите точно го блендувале, странските медиуми пишуваат дека тие всушност се капеле во самото виски, пред да биде ставено во шишињата.

Покрај тоа, вискито е "филтрирано низ дијаманти и злато", што најверојатно би требало да ја оправда цената од 125 евра за шише.

Работилница за анален секс за студентите

Универзитетот Харвард на своите студенти им понудил работилница за аналниот секс во рамки на „Неделата на сексот“, што се одржува еднаш годишно и која има за цел да ги упати студентите во практикување на здрав и пријатен анален секс, пренесува Huffington Post. 

„Неделата на сексот“ вклучува „еднонеделни програми што се интердисциплинарни, тераат на размислување, инвентивни и применливи на студентските искуства за да се промовира холистичкото разбирање на сексот и сексуалноста, а ова е трета година по ред како што се одржува.

Работилницата за анален секс, наречена “What What in the Butt: Anal Sex 101”, ќе ја водат луѓето од секс шопот Good Vibrations.

„Соработувавме со харвардската недела на сексот и порано, а кога нè контактираа оваа година, бевме многу среќни што можеме да испратиме еден од нашите најспособни едукатори на оваа презентација. Посебно ни е драго што екипата од Харвард, која го организираше овогодишниот настан, во програмата сакаше да ја вметне и темата на аналниот секс бидејќи тоа е тема што ги интересира многумина, но таквиот облик на секс бара информации кои често се недостапни во класичните предавања за сексот. Да го работите тоа на погрешен начин, како што многумина го прават, може да доведе до многу проблеми: од болка и нелагодност, до сексуално преносливи болести. Аналниот секс не е за секого, но е многу почест отколку луѓето што мислат, а луѓето што ја осмислиле овогодишната Недела на сексот размислуваат исто како нас – сакаме луѓето да знаат доволно за оваа тема, за да решат самите дали сакаат да се впуштат во такво нешто или не. Сакаме да ги имаат сите потребни информации за да бидат сигурни и да останат здрави“, вели Керол Квин од секс шопот Good Vibrations.

Нема да верувате каква диплома има Милан Калиниќ

На јавната сцена ги има и оние кои се со диплома која најмалку ја очекувате, како што е примерот на Милан Калиниќ. Имено, популарниот водител е пилот, со завршена Воздухопловна академија во Вршац.

Денеска сите го знаеме како водител и глумец, но многу малку е познато дека Милан во 1995 година завршил Академија за пилоти.

Во тие години следел тежок период за ЈАТ. Му биле потрбни огромни пари на Милан за да пилотира, а пари немал. Затоа некои пријатели го советувале да се запише на глума, на тогашниот БК Универзитетот кој само што бил формиран.

"Знаева дека театарот е моја голема љубов, и дека често после училиште одев да гледам претстави", раскажал Калениќ во една прилика.

Популарно