ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА: Не можат да го пребројат заработеното

Благодарение на приходите од Централната банка Швајцарија лани станала уште побогата. 

Земјата која е позната по високи приходи на своите граѓани, е богата и поради својата банка која има акции во странство, но и обврзници во вредност од 800 милијарди долари. 

За лани банката соопшти дека очекува добивка од 55 милијарди долари. 

Тоа е 8% од БДП на земјата и повеќе од добивката на компанијата Епл. 

Доколку грицкаш нокти мора да ги знаеш овие работи

Додека го читаш овој и текст и страсно се подготвуваш да почнеш да грицкаш нокти, застани за момент и прочитај сѐ што би требало да знаеш. Ние не сме твојата мајка, за да те опоменуваме постојано, туку ти нудиме објаснувања, после кои ти ќе си одлучиш дали ќе продолжиш со оваа лоша навика.

1. Првата работа која е конечно разрешена е дека грицкањето нокти нема никаква врска со стресот или досадата, туку ова се случува и во нормални животни ситуации. Ова објаснување е резултат на едно истражување кое е спроведено од страна на научници од универзитетот во Монтреал во кој учествувале 48 „грицкачи на нокти“. И знаеш што, тие се перфекционисти. Да, тоа е нивен „проблем“, што сакаат да бидат најдобри во секоја ситуација, па тоа ги тера да ги грицкаат ноктите. Значи нема никаква врска со анксиозност или големи трауми, како што се зборува. Ова е добра вест, а сега подготви се да ги чуеш лошите, кои се сепак повеќе.

2. Под ноктите „живеат“ некои навистина лоши бактерии, како Staphlococcus aureus, која може да предизвика инфекција на кожата или пак Escherichia coli, која е бактерија на цревата, но доколку се создадат во мочните канали ќе ти треба долго време да ги „избркаш“.

3. Со овие бактерии е поврзана и уште една лоша работа, а тоа е лошиот здив. Само да знаеш дека никакви гуми за џвакање нема да ти го решат овој проблем.

4. Иако се мали, ноктите се тврди и може да ја оштетат глеѓкта на забите, а тоа понатаму води кон проблем и итно заминување кај стоматологот.

5. Долготрајното грицкање нокти може трајно да ја уништи ноктната плоча, која почнува да расте како што не треба, а сето тоа воопшто не изгледа убаво.

Се надеваме дека ти дадовме доволно причини за да престанеш со оваа лоша навика. Ќе видиш дека нема подобро чувство од она кога ќе се победиш самиот себе!

Вака правилно се слави Свети Никола според традицијата и обичаите

Овој месец се слави Свети Никола, најчестата слава во Македонија.

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

На 19 декември именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…

На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител. Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале.

На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.

Бидејќи во тек е божикниот пост, на овој ден не се јаде мрсна храна.

Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, ако се добри децата израдувајте ги денеска со некаков ситен подарок-тие ќе бидат среќни, вам ќе ви биде убаво, а како што вели народот-треба.

Старите верувале дека доколку славата не се прослави правилно, според традицијата и обичаите, ќе навлечете грев на куќата и на домашните.

ВИДЕО: Кога видела што пишува на екранот, не можела да ги задржи солзите

Се чини дека денес луѓето ретко покажуваат благодарност. Понекогаш едно „благодарам“ многу значи и ги зближува луѓето на посебен начин. Меѓутоа, луѓето се често толку обземени со својот живот, што забораваат на манирите.

Некој се сетил како на интересен начин да ги потсети луѓето на тоа колку е убаво подарувањето и благодарноста. Во таа цел, послужил еден банкомат, кој на секого му носел по некој подарок.

На овој начин, банката сакала да им се заблагодари на корисниците…

Пат до Дизниленд, како ви звучи? Погледнете као реагираа овие луѓе…

Популарно