Трагедија поради која плачеше цела Југославија - Чолиќ и посвети песна на оваа девојка

Поминаа многу години, но оваа девојка никогаш нема да биде заборавена. Приказна која ќе ве натера да заплачете. Поминале 41 година од трагедијата поради која плачела цела Југославија, а за никогаш да не се заборави се потрудил и Здравко Чолиќ со својата песна „ Таа спие“. 

Имено, тој својата песна ја посвети на Милица Костиќ која во 1974 година бегајќи од група силувачи скокнала од 11. спрат од зградата, Рубинова кула во Крушевац, таа ја сочувала својата невиност на најтрагичен начин и така заминала во легендите. 

Податоците од тоа случување во станот надлежните органи  собрале осум личности за сослушување, велиме дека се осум бидејќи покрај седумте изјави, изјава дали и уште една - во болницата проговорила и Милица. 

- Тоа утро, понеделник 2. септември, Милица се поздравила со родителите, ги собрала своите работи и тргнала за Крушевац. Стигнала околу седум и петнаесет наутро, навратила до станот, а потоа заминала во училиште. Бидејќи во училиштето стигнала порано имала време малку да прошета. што тоа и го направила. Во Крушевац имало гужва, од многу деца кои дошле на првиот училишен ден.  Но таму имало група од момчиња кои имале намера да донесат некоја ученичка во нивниот стан. 

Во еден момент внимание им привлекла убава девојка, со темна коса, која сама се шетала и разгледувала по излозите. Се движела по истата улица, од фонтаната спрема споменикот каде се наоѓале и момчињата. Била тоа Милица. Тие до сега не ја познавале. 

После краткиот договор, паднала одлука да и се приближат. Еден од нив се одвоил, за да ја престигне и ја запрел по 15-тиот чекот. Веднаш ја замолил да му направи услуга, да ја повика неговата девојка Драгана од одредениот стан, бидејќи тој не можел бидејќи родителите на девојакат биле многу строги.  За себе тој оставил впечаток како добронамерно момче. Сето тоа го направил толку љубезно за Милица да наседне во неговата игра. Ни на крај памет не и паднало дека станува збор за превара, Милица се согласила тргнале и се упатиле кон фонтаната која се наоѓа пред црквата Свети Ѓоргија. Милица по пат му рекла на момчето од каде е. Тешко било тука да се забележи дека станува збор за испланиран трик. Во станот биле неговите другари кој го исклучиле ѕвончето и пуштиле гласна музика, па кога пристигнала Милица пред вратата и отворило едно момче и кога Милица прашала дали е тука Драгана, момчето и рекол да да тукае , слободно влези. Кога Милица го пречекорила прагот позади неа било и момчето кое ја измами, и од тука започнал нејзиниот пекол. Кога ја затвориле вратата Милица сватила дека ја измамиле, и ја заклучиле во спалната соба, но по некое време таа пронашла начин да избега од станот, но момците повторно ја пронашле, но таа не можела да дозволи да ја силуват па решила да се фрли од  зградата.

(Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија

Македонската претставничка на детската евровизија, Тамара Грујеска, во Ница, Франција, се пласира на 12-тото место.

Франција втортпат по ред победи на музичкото натпреварување, овој пат со Зое Клозир и песната Coeur („Срце“).

Шпанија заврши на второто место, а Ерменија на третото.

(Видео) Последната песна на „Битлси“ излегува во ноември

Цели 53 години по расформирањето, славниот британски бенд „Битлси“ се враќа во ноември со песна снимена со помош на вештачка интелигенција, која го извлече вокалот на Џон Ленон од стара снимка и на тој начин практично повторно ја обедини легендарната четворка.

Употребата на вештачка интелигенција овозможи миксирање песна преземена од демо-снимка на Џон Ленон. Во оригиналното демо беа додадени снимките на електрична и акустична гитара од Џорџ Харисон од 1995 година, пред неговата смрт во 2001 година. Песната беше завршена минатата година во студио во Лос Анџелес со мешање на тапаните на Ринго Стар, пијаното и басот на Пол Макартни.

Двајцата преживеани членови на бендот, Пол Макартни и Ринго Стар, во четвртокот најавија дека новата нумера Now and Then („Сега и тогаш“) ќе биде објавена на 2 ноември.

Песната е создадена врз основа на демо-снимка што Ленон ја направил во својот стан во Њујорк. Четиринаесет години по убиството на Ленон (1980), неговата сопруга Јоко Оно им подари на другите членови на бендот снимка на вокал и пијано.

Подоцна тие ја обработија, но никогаш не можеа да ја објават бидејќи досегашната технологија не дозволуваше гласот на Џон Ленон да се истакне со задоволителен квалитет. Ова сега е возможно, а беше поттикнато од документарната серија Get Back во режија на Питер Џексон (2021).

Режисерот на трилогијата „Господарот на прстените“ користел нова технологија за да го извлече гласот на Ленон од аудиолентата и да го одвои од пијаното.

Прогласени најдобрите албуми во историјата на жанрот

Оваа година се навршуваат 50 години од создавањето на хип-хопот, а популарниот музички портал Consequence of Sound по овој повод ги објави 50-те најдобри хип-хоп албуми на сите времиња.

На врвот на листата се најде современиот класик To Pimp a Butterfly на Кендрик Ламар.

„Кендрик Ламар брзо се етаблира како еден од најважните гласови на својата генерација, со неговиот трет студиски албум To Pimp a Butterfly на кој се наоѓа црнечка протестна песна која ги дефинира последниве години – тоа е песната Alright,“ наведено е во објаснувањето за изборот.

„Излегувајќи непосредно пред почетокот на хаотичната кандидатура на Трамп, има моќ да донесе пофалби за доброто што се случува во животoт на црнците, како и незадоволство од системите кои секојдневно ги изневеруваат. Среде демонстрациите кои бараа одговори за Сандра Бланд, Филандо Кастил и разни други полициски убиства, Аllright беше спасот што нè однесе низ тешките времиња – но тоа не ја дискредитира силата на остатокот од албумот,“ го објаснуваат изборот и додаваат: „Секоја генерација има право на свој најголем хип-хоп албум, а овој е наш“.

На второ место се најде легендарниот албум The Miseducation of Lauryn Hill на пејачката Лорин Хил, а потоа следува It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back на пионерите на овој жанр, бендот „Паблик енеми“.

Во првите 10 се Supa Dupa Fly на раперката Миси Елиот, класикот Enter the Wu-Tang (36 Chambers) на бендот „Ву-танг клан“, Stankonia на бендот „Ауткест“, Reasonable Doubt на раперот Џеј Зи, The Low End Theory од A Tribe на бендот „Трајб колд квест“, „2001“ на Др. Дреј и My Beautiful Dark Twisted Fantasy на Канје Вест

Популарно