ЈСП без тендер склучи договор тежок 1,5 милиони евра

Во четири очи, без тендер, ЈСП Скопје купи дизел гориво за градските автобуси. Еден милион и петсотини илјади евра тежи договорот кој ова јавно претпријатие го потпиша со фирмата АЛОВ од Гевгелија. Недостаток на нафта била причината зошто ЈСП одлучило да се договара нс ваков начин. Пред две години потпишале договор со кој обезбедиле 15 милиони литри дизел, кој се потрошил пред да истече договорот на 20 месецов. Постојаната промена на цената на горивата е наведена како една од причините зошто се одбрал овој метод. Дневно новите кинески и украински автобуси трошеле речиси 24 илјади литри нафта.

„ Овој недостиг на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе предизвика пречки во редовното функционирање на превозот на патници во јавниот градски и приградски превоз во наредниот период, со што ќе биде оневозможено непречено обавување на примарната дејност на Договорниот орган. Согласно наведеното и со оглед на тоа дека Договорниот орган Не смее да дозволи да се најде во состојба во која не би можел непречено да ја обавува својата примарна дејност и би претрпел значителна економска штета“ – велат од Биро за јавни набавки

Јавното сообраќајно претпријатие паралено со потпишаниот договор за набавка на гориво во четири очи вреден еден и пол милиони евра, распиша и нов оглас за набавка на нафта за следните две години. ЈСП планира да потроши 13 милиони евра или шест и пол милиони евра годишно за нафта за автобусите. Ова јавно претпријатие изминативе години добиваше и субвенции од касата на градот. Лани со одлука на градскиот Совет на ЈСП му беа префрлени речиси 3,5 милиони евра. За 2018-та, новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од буџетот на градот одвои пари за субвенции за ЈСП. Предвидени се половина милион евра повеќе во однос на лани или вкупно 4 милиони евра, доколку во ЈСП зачкрипи и фалат пари.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно