Што предвидуваат руските медиуми за спорот на Македонија и Грција

Македонија и Грција се блиску до договор за спорот со името на македонската држава, а конечното решение ќе доведе до сериозни геополитички промени на Балканот, пишува московскиот весник „Комерсант“.

Според тврдењата на весникот, по договорот, Скопје речиси сигурно ќе добие повик за членство во НАТО.

Весникот наведува и дека конечниот договор за името може да биде постигнат веќе следната недела во Њујорк. Според весникот, во прилог на тоа  дека новата рунда преговори може да биде клучна, одат и консултациите кои во Атина ги имаше македонскиот вицепремиер Бујар Османи.

„Решавањето на спорот меѓу Скопје и Атина, кој трае повеќе од две и пол децении, не само што ќе го сруши клучниот проблем во нивните односи туку и ќе има сериозни геополитички последици по регионот“, оценува весникот.

„Комерсант“ потсетува дека на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година земјите членки на Алијансата ветија членство за Македонија, штом ќе се реши прашањето за името.

„Ова значи дека Скопје би можело да добие покана веќе во јули на следниот самит на НАТО, а да стане 30. членка на Алијансата за една година“, заклучува весникот.

(ВИДЕО) Првпат во јавноста: Децата и тренерот излегоа од болница и открија морничави тајни за „проколнатата“ пештера

Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои минатата недела се спасени од поплавената пештера, денеска прв пат се појавуваат во јавноста на конференцијата за новинари во Чијанг Раи која ќе биде пренесувана од национална телевизија.

Групата на конференцијата за новинари одговара на прашања за своите искушенија, а потоа ќе им биде дозволено да се вратат кај своите семејства.

– Причините за одржување на оваа конференција за новинари се прашањата кои би можеле да им ги постават новинарите , а после тоа може да се вратат да го продолжат нивниот нормален живот без медиуми кои ќе ги вознемируваат -, рекол портпаролот на шефот на владата на Тајланд.

Тој додал дека тоа ќе биде нивно „единствено официјално интервју“; кажувајќи дека „после овој , нема да има други разговори со новинарите“.

Тие ги замолиле медиумите и јавноста да ја почитуваат приватноста на момчињата откако се спасени, бидејќи, како што наведуваат, изненадно медиумско внимание може да се одрази на менталното здравје на дечињата.

– Не знаеме какви рани носат тие деца во срцата – рекол денес пред новинарите претставник на тајландското Министерство за правда.

Прашањата кои ги поставиле новинарите се прегледани од психијатри за да се осигураат дека нема да бидат вознемирувачки за децата.

(ВИДЕО) Трамп го нарекол “ѓубре” медиумот што вчера објави интервју со премиерот Заев

Американскиот претседател Доналд Трамп во изјава на прес конференција го прогласил за “куп ѓубре” американскиот медиум Базфид.

Овој портал вчера објави интервју со премиерот Заев во која тој зборува за руски бизнисмени кои плаќале македонски навивачи да демонстрираат против промена на името.

Реакцијата на Трамп дадена порано не се однесува на изјавата на македонскиот премиер туку на друга приказна на порталот кој според претседателот на САД лажел за негов близок соработник.

Трамп во видеото најавува дека медиумот ќе се соочи со последици.

(ВИДЕО) Цунами на познатото летувалиште - потопени плажи и тераси, туристите во паника

Необично високи бранови ги „нападнаа“ плажите на популарните туристички центри во Мајорка и Менорка.

Метар ипол високи бранови ги потопија околните плажи, а среќна околност е тоа што се појавиле токму рано наутро, пред армија на туристи да пристигне на крајбрежјето.

Станува збор за појава која се вика метеоцунами - високи и големи бранови, кои настануваат кога силни метеоролошки појави како што се молњи и громови ќе предизвикаат брзи и големи промени во притисокот на воздухот, а тоа го крева нивото на морето.

Брановите предизвикале бранови меѓу сопствениците на јахти, кои очајнички се обидувале да ги спасат своите бродови.

Метеоцинамиот е забележано на повеќе места ширум светот, вклучувајќи го и Јадранското море, Мексиканскиот залив и Аталнското крајбрежје.

Популарно