ВИДЕО: Ова е ромската кралица - Има 400 автомобили, вила во Италија и милиони на сметка

Амела Сеферовиќ е 60 годишна жена која е позната и под името Сена Халиловиќ. Според информациите од хрватските медиуми, таа живее на релација Босна-Хрватска-Италија. Главно престојува на својот имот во Мостар, а има и вила во Италија, поточно во Астија, пишува телеграф.рс

Ромската кралица од Босна и Херцеговина, Амела Сеферовиќ (60), која илегално заработените пари во Италија ги крие на хрватски сметки, се нашла на мета на финансиските инспектори кои покренале истрага против неа.

Хрватската канцеларија за спречување перење пари покренала постапка против група од 22 лица, главно Роми, на чиешто чело се наоѓа Амела. Како што се шпекулира, во моментов се бараат докази кои ќе ги поткрепат сомнежите дека осомничените се обиделе да исперат цели 6 милиони евра во хрватските банки.

Тие пари пред две години биле откриени на сметки зад кои стоеле лица без имот, живеалиште или вработување во Хрватска. Имињата главно се повторувале во банките и таму како корисници уплаќале големи суми.

Сепак, од Канцеларијата за спречување на перење на пари, овие активности ги оцениле како сомнителни, под претпоставка дека се работи за незаконски стекнати пари, по што покренале детални проверки.

Токму споменатата Амела Сеферовиќ се обидела да подигне износ од околу 20.000 евра, но не можела да објасни и да го оправда потеклото на парите. Затоа сега целиот нејзин имот и банкарски сметки во Хрватска со одлука на судот и биле блокирани, а замрзнати биле и неколку сметки на нејзините родинини.

Финансиските инпектори во Хрватска веруваат дека се работи за пари стекнати со просење во европските земји, како и со продажба на железо. Илегалната продажба на старо железо во Италија претставува кривично дело, а постојат сомневања дека со самото уплатување на парите на хрватски сметки било изблегнато плаќање на данок.

Амела Сеферовиќ е 60 годишна жена која е позната и под името Сена Халиловиќ. Според информациите од хрватските медиуми, таа живее на релација Босна-Хрватска-Италија. Главно престојува на својот имот во Мостар, а има и вила во Италија, поточно во Астија.

Официјално е мажена за Италијанец, а инспекторите веруваат дека нејзиниот имот, освен недвижностите, има и над 400 автомобили од висока класа.

Таа е чело на групата која главно е во роднински врски, но и бракови кои се склучени само за државјанство. Дел од нејзините роднини се уште живеат во Италија во бегалски кампови, но дел нив уживаат на имотите на Амела.

Таа на неколку пати подигнувала големи суми од една банкарска експозитура во Трогир, пред воопшто некој да се посомнева во потеклото на средствата.

Инспекторите, според сознанијата на хрватските медиуми, веќе со месеци работат на случајот со Амела и нејзината група, истрагата е во завршна фаза, а во неа помогнала и италијанската полиција.

Истрагата се води против Амела и уште 21 лице, а веќе од следната недела се очекува испитување на осомничените во судот во Торино каде ќе добијат уште една прилика да го објансат потеклото на парите.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно