ВИДЕО: Рада Манојловиќ како жешка Амазонка

Српската пејачка Рада Манојловиќ сними нов спот, за кој доби позитивни критики од српските медиуми. Таа на Инстаграм ја објави највата на новото видео за песната “Животот на Месечината”. Според пишувањата, се очекува спотот да биде особено популарен во регионот.

ВИДЕО: Лепа Брена на 58 години направи стој на раце

На фолк-ѕвездата Лепа Брена на 58 години не ѝ е тешо да направи „стој на раце“. Таа на „Инстаграм“ објави видео на кое стои на раце, со мала помош. „Па ова не можат да го направат мнјогу помлади жени од тебе“, „Честитки за виталноста“, „Браво Брено, ти си цар“, ѝ напишаа обожвателите.

Брена изминатите месеци секојдневно вежба со личен тренер. Пејачката се подготвува физички за двата големи концерти во Белград што ќе ги одржи вечерва и утре (20 и 21 октомври) во „Штарк арена“. На концертот таа ќе ги пее најголемите хитови, но и ќе го промовира новиот албум.

Пејачката ќе одржи и турнеја во повеќе градови во регионот, а веќе е закажан и концерт во Скопје, на 15 декември, во арената „Борис Трајковски“. Концертот во Скопје е во организација на „Прагма продукција“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

ФОТО: Лила се „заплетка“ со манекен од Англија

Познатата водителка Лила Филиповска за малку ќе паднеше додека снимаше фотосесија со британскиот модел Пол Коли. За снимањето беше облечена во црн корсет од тантела и долга жолта наметка, па додека одеше ја нагази наметката, а Пол ѝ помогна да остане на нозе. Лила на својот инстаграм-профил објави кусо видео од фотосесијата и напиша „Се заплеткав“.

„Толку совршен ден, мило ми е што го поминав со тебе. Фотосесија со мојот нов пријател, британскиот модел Пол Коли“, напиша Лила.

Иако не откри многу, таа кажа дека е дел од нов, меѓународен проект. Ова не е првпат Лила да снима реклама или фотосесија. Таа е и една од најпопуларните инфлуенсери кај нас, а преку „Инстаграм“ често рекламира секакви производи, од козметика, преку храна, до патувања. Водителката неодамна се врати од Дубаи, а веднаш потоа го прослави својот 47-роденден.

ФОТО: Гаро се пофали со нова љубов

Иако во врска беа долги години, некогашната пејачка Ева Нединковска и тапанарот Гаро Тавитјан Јуниор се разделија, а таа се омажи, додека тој сега се пофали дека е во врска.

Гаро во 2012 година беше во сериозна врска која дојде до фаза на свршувачка. Но и таа љубов на Гаро не беше судена.

Гаро Јуниот на својот Фејсбук профил реши јавно да открие дека е во врска.

Популарно