Што треба да знаете пред првиот секс?

Постојат неколку неверојатни искуства во животот на една млада жена. Пред првиот месечен циклус, тешко е да замислиме како би се чувствувале или како би изгледало ткивото да паѓа од телото со денови. Пред првиот бакнеж необично е да замислиме како би изгледало да го притиснеме нашето лице кон нечие друго и да го движиме јазикот наоколу. Губење на невиноста? Дури има цели филмови посветени на тоа.

Без разлика на годините и искуството, губењето на невиноста е навистина важен момент во животот на една млада жена. Може и треба да се подготвиме за тоа колку што е можно повеќе, но никогаш нема да знаеме точно какво е чувството сѐ додека не го направиме тоа.

1. Не крварат сите

Според филмовите и книгите, губењето на невиноста е пропратено со масивни количини крв, но реалноста и не е баш таква. Некои девојки воопшто не крварат и тоа е сосема океј. Многу полесно е да се релаксирате и да уживате откако ја дознавте оваа информација, зар не?

2. Нема да ве промени

Пред да го имате првиот секс, мислите дека тоа ќе биде магично искуство кое ќе ве поврзе со партнерот на едно многу подлабоко ниво, но ова ретко се случува. Иако губењето на невиноста треба да биде посебно, сепак не треба да очекувате дека ќе бидете магично променети потоа. Истата личност сте, само немате химен.

3. И девиците можат да фатат сексуално-преносливи болести

Ако момчето со кое сакате да ја изгубите невиноста, веќе спиело со други, тој треба да се тестира пред да направи што било со вас. Иако може да нема ништо, сепак можно е, иако сте девица, да ви пренесе некоја болест.

4. Не очекувајте премногу од сексот

Факт е дека и девојките многу често размислуваат за секс и за тоа каков е или каков ќе биде, а бидејќи сме многу имагинативни суштества, пред да го имаме првиот секс ние си поставуваме многу високи критериуми. Не очекувајте премногу од сексот. Тој е посебен, но не до тој степен. Сигурно не сакате да помислите: „Ова? Ова е сексот?! Само олку?!“

5. Бидете трезни

Губењето на невиноста се случува само еднаш во животот и тоа искуство треба да го паметите што е можно повеќе. Ако ви е потребен алкохол за да се опуштите и да уживате во него, веројатноста е дека не сте подготвени, а можеби и тој не е вистинскиот.

6. Потребно е да помине време пред да стане убаво

Првиот секс можеби и нема да ви биде најубавиот секс во животот, а таков можеби нема да биде ни вториот ни третиот. Но, некогаш во вашиот живот, ќе ја почувствувате неговата магија, само треба да бидете трпеливи.

7. Не треба да се грижите колку години имате

Ако тој ве засмејува и чувствувате некоја навистина длабока поврзаност со него, тогаш знаете дека тој е вистинскиот. Сексот не го определуваат годините, туку го определува чувството, а нема ништо поубаво од тоа да ја изгубите невиноста со некој во којшто навистина сте искрено длабоко заљубени. Вреди да го чекате вистинскиот за ова чувство.

8. И тој паничи

Иако можеби не му е прв пат, нему сепак му е прв пат со вас. Тој се плаши дали ќе ги достигне вашите очекувања, а и тој подеднакво стравува да не останете бремени. За сексот се потребни двајца и двајцата подеднакво вложувате. Не грижете се, најверојатно и тој паничи за истите нешта како и вие.

9. Треба да им кажете само на најблиските

Иако сакате целиот свет да дознае, најдобро е да знаат само вашите и неговите најблиски. А сосема во ред е и само вие и партнерот да знаете

10. Во сексот учествувате двајцата

Сексот треба да претставува задоволство за двата партнери. Ако цело време размислувате за тоа како ќе ви биде скинат хименот и дека никогаш повеќе нема да го имате, ем нема да можете да се опуштите и да уживате во односот, ем нема да имате иницијатива да му пружите задоволство на партнерот. Од друга страна пак, доколку чувствувате дека нешто не ви е по мерак, едноставно не го правете.

11. Можно е и ништо да не почувствувате

Да, сексот може да биде магичен или да предизвика болки, но може и да не почувствувате апсолутно ништо. Може да ви делува како некој да ве допира за нога.

12. Не морате да му кажувате на партнерот дека сте девица

Ако само сакате да завршите со тоа и да ви се тргне од главата, а неколку пати сте пробале да им кажете на некои партнери дека сте девица и тие едноставно престанале да комуницираат со вас, тогаш можеби најдобро е и да не кажувате. Така, нема да направите голема работа од тоа и можеби повеќе ќе уживате.

13. Никој нема да препознае

Сите муабети дека после првиот секс имате некој посебен сјај и дека едноставно сите ќе знаат? Глупости. Никој нема да може да познае освен ако не ве види таму долу. Затоа едноставно уживајте. Тоа искуство е наменето исклучиво за вас и за партнерот.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно