ВИДЕО: Вака Македонија ја победи големата Словенија

Македонската ракометна репрезентација го започна европското првенство во ракомет во Хрвтаска со победа над силната Словенија. Во тежок меч со многу пресврти, нашите момци имаа повеќе храброст и стигнаа до многу значајните бодови. Ова се најинтересните моменти од мечот според ЕХФ:

(ВИДЕО) Грандиозен пречек – Далиќ заплака!

Хрватската репрезентација се врати во својата татковина после освоеното сребро на Мундијалот, каде беше дочекана со грандиозен пречек.

Хрватските репрезентативци слетаа на аеродромот во Загреб од каде со отворен автобус се упатија кон плоштадот „Бан Јелачиќ“.

Илјадници навивачи ги чекаат „коцкестите“ на плоштадот, но огромен грој на граѓани го следат патот на автобусот со репрезентативците.

Селекторот Далиќ беше толку воодушен од поддршката на граѓаните што не можеше да ги задржи солзите.

(ВИДЕО) Французин провоцираше во Загреб и си доби шамар за паметење

Еден Французин го проследи големото финале на СП во Загреб.

Пред натпреварот се поздрави со навивачите на Хрватска, но по завршвањето на натпреварот и победата на неговата репрезентација се одлучи на провокација.

Се качи на бандерата каде го славеше триумфот на Триколорите, а навивачите на Хрватска брзо го симнаа на тлото.

Доби шамар и уште неколку удари и сигурно нема по добро да го памети престојот во главниот град на Хрватска.

(ВИДЕО) Путин не смее да биде наврнат – дури и кога „врне“ луксузен шампањ

Сите кои до крај го проследија преносот од финалето на Светското првенство, сигурно ја забележаа интересната сцена со чадорите после почетокот на обилниот дожд кој го зафати стадионот.

Додека Путин експресно доби чадор, некое време после него беа делумно заштитени од дождот и останатите официјални лица, а Колинда остана последна за која донесоа чадор.

Е таа приказна со чадорите продолжи и во француската соблекувална, каде Путин, Макрон и Грабар-Китаровиќ отидоа за да се придружат на славјето на француските репрезентативци.

Во еден момент, Французите отворија шампањ со кој почнаа да прскаат насекаде низ соблекувалната, вклучително и политичарите кои беа пред нив.

Обезбедувањето од Путин експресно и спремно реагираше и на тој „дожд“, па веднаш отвори чадор за него, оти едно стана јасно – Путин не смее да биде наврнат, дури и кога „врне“ шампањ.

Популарно