Две победи на Македонија - Твитерџиите „го распнаа“ Борко Ристовски

Македонија иам старт од соништата на ЕП во ракомет во Хрватска. Две победи од два меча, против силната Словенија и мотивираната Црна Гора. 

Под водство на Раул Гонзалес, репрезентацијата доби нов изглед, во кј секој играч има своја задача и одлично ја извршува. Речиси сите играчи придонесоа за четирите бода, но нашиот менталитет е таков што секогаш тежнееме кон критики,. Така и овој пат на Твитер на мета беше Борко Ристовски.

Се надеваме дека Борко овие твитови ќе ги сфати на шега и дека веќе во слениот меч ќе покаже зошто е голман на големата Барселона. 

(ВИДЕО) Иниеста се збогуваше: Сам седеше на „Ноу Камп“ и неколку часа по завршување на натпреварот

Големиот Андрес Иниеста (34) можеби и најдобриот играч за врска во нашето време, вчера го одигра последниот 674 натпревар во дресот на Барселона.

Новиот шампион го победи Реал Сосиедад со голот на Фелипе Кутињо, но 90.000 гледачи дојдоа да се простат од играчот кој во Барселона помина 22 години.

После доделувањето на пехарот Иниеста одржа и проштален говор на „Ноу Камп“.

„Ова беа 22 прекрасни години и ми беше чест да ги бранам боите на овој клуб, за мене најголем на светот. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи и на сите вас што сте денес тука. Сакам само да кажам дека моето срце ќе биде тука засекогаш“, низ солзи зборуваше Иниеста.

Колку на Иниеста му е тешко простувањето од Барселона говори и фотографијата на која е „уловен“ како сам седи на тревникот на „Ноу Камп“ и неколку часа по празнењето на стадионот.

ВИДЕО: Се запали автобусот полн со фудбалерите на Црвена Ѕвезда

Во текот на прославата на шампионската титула, автобусот со фудбалерите на Црвена Ѕвезда се запали.

За среќа сите играчи безбедно го напуштија возилото.

Од пожарникарската служба соопштија дека најверојатно причина за истиот е користењето на пиротехнички материјали.

Марадона кој танцува додека вежба е видеото кое ќе Ви го разубави денот

Тоа што Ел Гранде Диего сака да вежба и да слуша музика, го установивме во едно преслатко видео кое многу брзо стана вирално на Интернет од пред две години. Сепак, денес на Интернет повторно нè израдува со ново видео каде танцува на песна. Најдобриот фудбалер на сите времиња "го троши" времето така што џогира на трака за трчање и танцува...во исто време.

Итересно е како "Ел Пибе" има чувство за ритам и секое темпо, за побавно трчање, па побрзо, па размрдување, па power plate, во секој случај убаво е да се погледне дека најдобриот фудбалер сè уште ја одржува својата форма, особено после оние години кога серизоно се плашевме за неговото здравје. 

Тоа што Ел Гранде Диего сака да вежба и да слуша музика, го установивме во едно преслатко видео кое многу брзо стана вирално на Интернет од пред две години. Сепак, денес на Интернет повторно нè израдува со ново видео каде танцува на песна. Најдобриот фудбалер на сите времиња "го троши" времето така што џогира на трака за трчање и танцува...во исто време.

А, за оние кои сметаат дека Диего само што научил да танцува, драги пријатели сте се излажале...тој знаел да танцува уште кога бил млад.

Популарно