Грчка карта на СФРЈ од 1974 година на која пишува Македонија

Кристофер Пурдеф, православен ѓакон од американската сојузна држава Охајо, постира на „Твитер“ карта на поранешна Југославија од средината на 1970-тите, на која пишува Македонија за тогашната најјужна република.

„Очигледно, во 1974. Грција немала проблем со Македонија“, прокоментира тој во придружниот текст на мапата.

Малку подоцна Пурдеф со нов аргумент за грчкиот однос кон идентитетот на соседот од север пред четири децении – извадок од книга во кој на грчки се наведени јазиците во тогашна СФРЈ, меѓу кои и македонскиот.

Ова е уште еден доказ дека тврдењата на Грција за името Македонија која ги пласира во светот се само пропаганда.

Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари - Мислев дека е некоја грешка...

Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари. Мислев дека е некоја грешка, бидејќи немам никој кој би ми испратил пари, а сум и во тешка финансиска ситуација, па искрено помислив дека некој се шегува со мене.

Кога отидов, ми рекоа дека имам писмо и 3.000 долари, а јас не можев да поверувам. Го земав писмото и почнав да го читам.

Еден пријател од основно училиште кој сега живее во Америка, порано беше сиромашен како што сум јас сега.

Секогаш му давав колку што можев, делев сендвичи на половина, пиевме сокови од исто шише, ми беше како брат.

Пред 10 години се отсели во Америка, на печалба, па изгледа успеал во тоа.

На крајот од писмото пишуваше: „Брате, кога и да ти биде потребно нешто, само јави ми, знам како ти е сега и знам каков човек си кога имаш. Фала му на Бог, јас сега имам доволно и сметај го тоа како и ти да имаш. Твојот брат…“

Ни сега не можам да верувам дека после толку години се сети на мене и дека памти сè.

Изгледа дека и во овие тешки времиња се исплати да си човек. Кој би рекол…

Луѓето кои го открија прислушувањето во Македонија, номинирани за награда на Европскиот парламент

Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

„Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање” е мотото по кое во Европскиот парламент на 29 мај ќе биде доделена награда, која секоја година ја доделуваат парламентарни групи во оваа европска институција, јавува Макфакс.

Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

Meѓу номинираните се укажувачите oд Македонија (т.н. „свиркачи“) Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во МВР, кои го открија скандалот со масовното прислушување и придонесоа за промена на власта.

Номинирани се и Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

Одлуката за наградата ќе ја донесе деветчлено жири, меѓу кои, членуваат истражувачки новинари и укажувачи.

ФОТО: Поп кој под мантијата крие чудо

Навикнати сме свештениците да ги гледаме во мантии, но ако не ја носи  ретко кој му верува. Максим Пастухов од Русија дека е свштеник. Тој е и бодибилдер, а со неговите слики кога ќе ја соблече мантијата, ги шокира сите.

Тој е и професионален фитнес тренер и изгледа одлично.

Популарно