ВИДЕО: Ужасна смрт на дете

Неинформираноста за опасните болести може да предизвика трагедија. Таков е случајот со Шестгодишниот Рајкл Роук од Флорида, кој почина од беснило со кое бил заразен кога го изгрбал лилјак.

Таткото на детето Хенри раскажа плачејќи како во дворот пронашол лилјаци и ги ставил во кантата пред куќата. Му рекол на синот никако да не ги допира тие животни.

-Тој изгледа сепак ја чепкал кантата зошто дојде и рече дека лилјакот го изгребал. Панично барав помош на Гугл што да направам. Му ги миев рацете со сапун и топла вода, вели тој.

Очајните родители велат дека не знаеле дека синот веднаш требало да го однесат во болница, но сепак се откажале од тоа кога Рајкл плачејќи се ги молел да не одат зошто се плашел од инјекции.

По една недела детето се пожалило на главоболки и рекло дека му се кочат прстињата.

Родителите тогаш го однеле во болница, каде докторите се обиделе да му го спасат животот со новиот третман кој  до тогаш им спасил живот на две заразени деца во САД и 18 луѓе ширум светот.

Меѓутоа детето е донесено предоцна, набрзо паднало во кома и недела дена потоа починало во болница.

Спасени Македонците кои паднаа во провалија во Бугарија

Петмина македонски скијачи и сноубордери кои скијале надвор од обележани патеки на планината Пирин во Бугарија и кои паднале во дол се спасени.

Сите македонски планинари се во добра состојба и не се повредени по драмата која ја доживејаа.

Ги спасувал тим од 10 спасувачи.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Новa дрога ОПАСНА почна да се шири во Европа

Новa дрога која чини помалку од еден сендвич почна да се шири во Европа. Нејзиното име е флака, а ја нарекуваат и „канибалска дрога” и се увезува од Кина.

Луѓето што ја консумираат мирисаат на урина од мачка, но тоа не е најголемиот проблем, бидејќи една жена која ја користела ѝ ги ископала очите на својата мајка, зависник од флака му го одгризол лицето на бездомник, а еден дрогиран човек се обидел да има секс со дрво.

Флака изгледа како сол за капење и може да се јаде, да се шмрка или да се зема интравенозно со инјекција.

Дрогата предизвикува еуфорија и ја зголемува самодовербата, како кокаинот, но разликата е во тоа што флака доведува  до тешка параноја и губење на чувството за реалност.

Баба го издрогирала цело семејство: Им зготвила ручек со Марихуана!

Седумчлено семејство од чешкиот град Вратимов за Божик завршило во болница со вртоглавици, мачнина и халуцинации, бидејќи бабата која спремала патка за празничната вечера наместо зачин, во јадењето ставила марихуана. Таа ја користела марихуаната за медицински цели.

Во болница завршиле четворица возрасни, на возраст од 37 до 71 година, и две деца, од 3 и 6 години. Лекарите прво помислиле дека семејството се затруло со јаглен-моноксид, но откако е утврдено дека во куќата не истекувал гас, дознале дека патката што бабата ја подготвувала за вечера била зачинета со канабис.

Чешката полиција започнала кривична постапка против бабата заради „подготовка на недозволени дроги“

Популарно