(ВИДЕО) По Гоца Тржан, на ред е и Цеца да се фати за глава: Анета Молика

Фолк-пејачката Анета Мицевска откако стана ексклузивец на  „Гранд-продукција“ повеќе се зближи и со колегите од соседството. Па така, на еден свој настап, Анета беше во друштво на балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, а тоа не пропушти да го овековечи и на фотографија која ја објави на својот профил на Фејсбук.

Инаку, ве потсетуваме на настапот на Анета по кој остана запаметена во соседството…

ВИДЕО: Сите настапи на Тоше на „Златна бубамара“

За неколку дена Макеоднија ќе ужива во „Златна бубамара 2018“, дотогаш да се потсетиме на сите настапи на Тоше на манифестацијата.

Тоше Проески беше редовен гостин на музичката манифестација „Златна Бубамара“. Во неговата огромна колекција награди имаше и неколку златни бубамари, добиени во категоријата за најдобар пејач, најдобар албум, за хит на „Радио Бубамара“…

Видеото од 18 минути е ретроспектива од сите настапи на Проески на оваа манифестација.

ВИДЕО:Јапонки ги пеат „Македонско девојче” и „Каранфило филфило“

Македонската народна песна и ора се едни од најубавите во светот. За народите е предизвик да ги научат да ги играат и интерпретираат.

Тоа од рака им пошло на луѓето од земјата на сонцето.

На социјалните мрежи се раширија видеа од настап на јапонски ансамбл, кој верувале или не, негува македонска песна и ора.

“Македонско девојче” и “Каранфило филфило” ги пеат како да ги научиле од раѓање.

Погледнете во продолжение:

Тамара го откачи менаџерот Васко Горила

Поп-пејачката Тамара Тодевска ја прекина соработката со нејзиниот менаџер Васко Павлевски од „Горила продукција“. Таа револтирана јавно го откачи на својот фејсбук-профил.

-Морам да ви соопштам дека повеќе не работам со дотичниот Васко Павлевски, и дека после долга борба и со надеж дека нешто таму ќе се промени. Тоа излезе невозможна мисија. Повторно тие од коишто живее, ги остава на цедило за да може прво своите проблеми да си ги реши. Од сега ќе ве замолам за што било да ме барате лично мене, додека не се најде некој чесен нормален човек со кој би можела да функционирам во иднина, напишала Тамара.

Таа ги предупреди и остананите, вели, малкумината нејзини колеги кои останаа да работат со него, да отворат 16 очи, оти „се работи за човек без тронка совест“, додава поп-пејачката.

Популарно