Автомобил влетал на шеталиште во Рио, блиску плажата Копакабана, усмртил едно бебе и повредил 15 лица, соопштиле бразилските официјални лица.
На интернет објавени се вознемирувачки снимки од инцидентот, кој прикажува повредени луѓе лежат
на тротоар и песок.
Сведоците на инцидентот опишуваат дека “малцрн автомобил прелетал преку патеката за точаци” и се
забил во пешаците кои се нашле на плажата во Рио де Женеиро.
Возачот кој е приведен рекол дека имал епилептичен напад, а во автомобилот се пронајдени лекови за
епилепсија.
Полицијата потврдила дека во инцидентот загинало осуммесечно бебе, и дека нема доказ дека
инцидентот е поврзан со терористички напад.