Родилка почина при породување во привaтна болница

Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази починала во четвртокот при породување со царски рез, дознава од лекарски извори. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно) и при вовед на целосна во анстезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта при што не можела да дише.

Информацијата ја потврдија во болницата Санте Плус од каде велат дека најверојатно станува збор за силна алергиска реакција од анестазијата. Лекарите кои ја породувале направиле се за да ја спасат, час и половина се обидувале да ја вратат во живот и да ги ослободат дишните патишта. Младата жена добила застој на срцевата работа при што бил употребен и дефибрилатор. По половина час борба за да се спаси животот на жената лекарите го извадиле бебето кое исто така останало без кислород. По обидот за реанимација на тимот од Санте Плус, младата родила со возило била однесена на КАРИЛ. Раководството на болницата тврди дека жената не починала во Санте Плус, туку во КАРИЛ.

„Имаше срцева акција кога ја однесовме во КАРИЛ. Тимот од лекари кај нас дадоа се од себе за да ја реанимираат, но безуспешно и затоа ја однесовме таму. Таа е прворотка и сама потпишала да прими целосна анестезија иако и била понудена опцијата за спинална, односно само за половина дел од телото“, изјавија за НОВА и од раководстсвото и од екипата на лекари во Санте Плус.

Но, тимот кој што ја примил родилката во едницата за интензивно лекување и реанимација(КАРИЛ) е дециден е дека жената била донесена мртва. Тие велат дека не знаат што се случувало во приватната болница, ниту по пат од болницата до КАРИЛ од каде има половина час патување заради сообраќајот.

„ Родилката беше донесена мртва, со мртовечки петихии, со проширени зеници, без срцева акција, немаше пулс,  ниту свест. Ние пристапивме во реанимација повеќе од очај. Немавме информација што се случувало во болницата претходно, но по еден час и 10 минути се откажавме бидејќи пациентката не покажа никакви знаци на живот, во ниту еден момент“, изјави за НОВА една од трите лекарки специјалисти, искусни анестезилози кои биле присутни во моментот на приемот и кои ја реанимирале младата жена заедно со останатиот тим на КАРИЛ.

Веднаш потоа во попладневните часови телото било однесено на Институтот за судска медицина каде што била извршена обдукација, од каде се чакаат резулатите. Бебето итно било однесено на Клиниката за детски болести и се наоѓа во тешка состојба.

„Бебето е машко, доносено е, но кај нас е донесено во многу тешка состојба, без дишење и срцева акција бидејќи останало без кислород во организмот. Приклучено е на апарати за дишење, во моментот е стабилно, но не знаеме како ќе биде понатаму, за 24 часа ќе се види дали ќе има последици и откажување на други органи“, изјави  др. Кети Ставриќ директорка на Клиниката за детски болести.

Младата родилка, била погребана вчера во Кичево. Таа потекнува од познато лекарско семејство, а заедно со нејзиниот сопруг имале стоматолошка ординација во овој град.

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година

Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“  кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ - 04, ќе се смета 26 април 2024 година.

Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Беќаровски си заминува од Токсикологија

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија.

„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.

Ова се случува откако вчера на прес-конференција заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.

Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант- барал урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.

Се одбележува Денот на планетата Земја

Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја, меѓународна иницијатива чија главна цел е да ја подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата.

Денот на Земјата се чествува по 55. пат. Тој се слави секој 22 април, а првпат тоа се случило во 1970 година во САД, во организација на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон и активистот Денис Хејс. За време на првите демонстрации, повеќе од 20 милиони луѓе излегоа на улиците на САД.

Според меѓународната организација „Ден на планетата Земја“, годинава главна тема е борбата против пластиката под наслов „Планетата против пластиката“.

Иницијаторите, инаку, дошле на замислата за организирање „Ден на планетата Земја“ кога светот ја виде штетата од излевањето на 11 милиони литри нафта во Тихиот океан, што се случило како последица на несреќа при работа на нафтена платформа близу Санта Барбара, Калифорнија, САД.

Денот на планетата Земја ширум светот се одбележува со бројни акции, како што се собирање ѓубре, садење дрвја, протести за борба против климатските промени, едукативни работилници итн.

Популарно