(ГАЛЕРИЈА) ФРАНЦ: Три години поминаа откако ми го украдоа Нокаут, барем една добра песна да издадеа!

Владимир Крстевски – Франц деновиве преку Фејсбук го обвини ексколегата и кум Пере за кражба на брендот Нокаут и бендот.

“Три години поминаа од кога ми го украдоа брендот и бендот, барем една добра песна да издадеа”, напиша Франц, а постот предизивка лавина коментари и реакции од фановите.

Инаку, поранешните другари ја “спукаа” во 2015 година, веднаш откако Франц го напушти составот отиде да живее во Лос Анџелес, а Пере заедно со старо-новиот состав организираше голем концерт во ВИП Арената “Борис Трајковски” во Скопје.

“Полно срце со тага и очај во празна сала! Од нивната “позитива” отидоа во минус негатива! Драго ми е што публиката не беше изиграна и прелажана овој пат… затоа што од некогашниот Нокаут што сите го знаеме остана само “Н”! Или “фронтменот” Пере Панта Реи со платените музичари – ПантаРеиковци. Е ајде сега пробајте да видам дали можете да сокриете ваква беда, не ве ни спасија гратисите да ја

наполните салата… уште на Холивуд булевар фалеше да ги раздавате… Ах лакомијо, лакомијо, следен пат на СТАДИОН!!!! Еднаш ти кажав екс куме, без крилја не се лета… али ти не послуша… на што ќе се радуваш сега???”!”, му порача сопругата на Франц на Пере веднаш по концертот, додека, пак, Пере веста за нивното разединување за ВЕЧЕР рече: “Додека сум јас жив, Нокаут постоел и ќе постои. Втората постава од 2005 година работеше со 9 члена се до 2011 година кога Луај Реџепов како гитарист ја напушти групата. Кон крајот на 2014 година бендот го напушти уште еден гитарист – Франц, па сега сме седумчлен бенд и звучиме покомпактно од кога било!”

(Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија

Македонската претставничка на детската евровизија, Тамара Грујеска, во Ница, Франција, се пласира на 12-тото место.

Франција втортпат по ред победи на музичкото натпреварување, овој пат со Зое Клозир и песната Coeur („Срце“).

Шпанија заврши на второто место, а Ерменија на третото.

(Видео) Последната песна на „Битлси“ излегува во ноември

Цели 53 години по расформирањето, славниот британски бенд „Битлси“ се враќа во ноември со песна снимена со помош на вештачка интелигенција, која го извлече вокалот на Џон Ленон од стара снимка и на тој начин практично повторно ја обедини легендарната четворка.

Употребата на вештачка интелигенција овозможи миксирање песна преземена од демо-снимка на Џон Ленон. Во оригиналното демо беа додадени снимките на електрична и акустична гитара од Џорџ Харисон од 1995 година, пред неговата смрт во 2001 година. Песната беше завршена минатата година во студио во Лос Анџелес со мешање на тапаните на Ринго Стар, пијаното и басот на Пол Макартни.

Двајцата преживеани членови на бендот, Пол Макартни и Ринго Стар, во четвртокот најавија дека новата нумера Now and Then („Сега и тогаш“) ќе биде објавена на 2 ноември.

Песната е создадена врз основа на демо-снимка што Ленон ја направил во својот стан во Њујорк. Четиринаесет години по убиството на Ленон (1980), неговата сопруга Јоко Оно им подари на другите членови на бендот снимка на вокал и пијано.

Подоцна тие ја обработија, но никогаш не можеа да ја објават бидејќи досегашната технологија не дозволуваше гласот на Џон Ленон да се истакне со задоволителен квалитет. Ова сега е возможно, а беше поттикнато од документарната серија Get Back во режија на Питер Џексон (2021).

Режисерот на трилогијата „Господарот на прстените“ користел нова технологија за да го извлече гласот на Ленон од аудиолентата и да го одвои од пијаното.

Прогласени најдобрите албуми во историјата на жанрот

Оваа година се навршуваат 50 години од создавањето на хип-хопот, а популарниот музички портал Consequence of Sound по овој повод ги објави 50-те најдобри хип-хоп албуми на сите времиња.

На врвот на листата се најде современиот класик To Pimp a Butterfly на Кендрик Ламар.

„Кендрик Ламар брзо се етаблира како еден од најважните гласови на својата генерација, со неговиот трет студиски албум To Pimp a Butterfly на кој се наоѓа црнечка протестна песна која ги дефинира последниве години – тоа е песната Alright,“ наведено е во објаснувањето за изборот.

„Излегувајќи непосредно пред почетокот на хаотичната кандидатура на Трамп, има моќ да донесе пофалби за доброто што се случува во животoт на црнците, како и незадоволство од системите кои секојдневно ги изневеруваат. Среде демонстрациите кои бараа одговори за Сандра Бланд, Филандо Кастил и разни други полициски убиства, Аllright беше спасот што нè однесе низ тешките времиња – но тоа не ја дискредитира силата на остатокот од албумот,“ го објаснуваат изборот и додаваат: „Секоја генерација има право на свој најголем хип-хоп албум, а овој е наш“.

На второ место се најде легендарниот албум The Miseducation of Lauryn Hill на пејачката Лорин Хил, а потоа следува It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back на пионерите на овој жанр, бендот „Паблик енеми“.

Во првите 10 се Supa Dupa Fly на раперката Миси Елиот, класикот Enter the Wu-Tang (36 Chambers) на бендот „Ву-танг клан“, Stankonia на бендот „Ауткест“, Reasonable Doubt на раперот Џеј Зи, The Low End Theory од A Tribe на бендот „Трајб колд квест“, „2001“ на Др. Дреј и My Beautiful Dark Twisted Fantasy на Канје Вест

Популарно