(ВИДЕО) Ципрас: Јас сум половина Македонец

Како што пренесува АНА-МПА, грчкиот премиер уверува дека ја почитува загриженоста, а особено чувствителните тонови на неговите сонародници во северна Грција.

„Јас сум половина Македонец“, изјавил тој во интервјуто.

„Сепак, ги повикувам мирно да размислат за она што го промовира националниот интерес, а што го поткопува. Немањето решение го поткопува. Во последните 25 години нашите соседи се признати како ‘Република Македонија’ од повеќе земји, додека ние се бориме насекаде да ги нарекуваат пЈРМ“.

Повеќе од 30.000 граѓани на Грција денеска излегоа на закажаните протести, кои ги организираа неколку грчки здруженија на Македонците под мотото „Македонија значи Грција“.

Овој протест се спрема веќе неколку денови, а низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат.

Во центарот на Солун  од вчера веќе се залепени плакати како најава за собирот,  на кои пишува „Македонија значи Грција“. Според организаторите, јавува дописникот на МИА од Атина, демонстрантите доаѓале со организиран превоз, со 500 автобуси од доцна синоќа, од цела Грција.

(Видео) Излезе снимка од апсењето на трите лица кои на ТикТок објавија поврзаност со исчезнувањето на малата Данка

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.

Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.

Куќен притвор за две лица кои беа задржани за убиството на докторот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

-Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

-Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

Неколку улици од една скопска општина ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.

Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.

Популарно