Колкави се шансите Лазаров да игра вечерва?

Според последните информации капитенот на нашата ракометна репрезентација Кире Лазаров ќе биде на клупата за вечерашниот меч со Чешка, кој стартува со почеток од 20:30 часот.

Победа во овој меч ќе значи полуфинале на дофат за нашите ракометари. Сеуште нема јасни информации за повредата на нашиот капитен.

Според неофицијални информации на “balkan-handball”, тешко може да се очекува дека Кире ќе заигра на теренот.

Чесите од друга страна се засилија на позицијата пивот. На Земан и Петровски, им се придружи Петр Шлахта.

Пандев: Најдоцна до 2020 ја завршувам кариерата

- Се надевам дека ќе одиграм уште една или две сезони. Сепак, се зависи од моето здравје. Планирам кариерата да ја завршам во Џенова, во најстариот италијански клуб и навистина ќе ми биде чест таму да завршам со активно играње фудбал, изјави Пандев.

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во интервју за МИА најавува дека може да ја заврши богата фудбалска кариера идната или најдоцна во 2020 година.

– Се надевам дека ќе одиграм уште една или две сезони. Сепак, се зависи од моето здравје. Планирам кариерата да ја завршам во Џенова, во најстариот италијански клуб и навистина ќе ми биде чест таму да завршам со активно играње фудбал, изјави Пандев.

Сергеј Милинковиќ Савиќ ја покажа својата девојка!

Сергеј Милинковиќ Савиќ во своите редови го посакуваат Јувентус, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен…меѓутоа последниот збор ќе го има Лацио, клубот од Рим има договор со Савиќ до 2022 година.

Колку на репрезентативецот на Србија му оди добро на теренот, толку му оди и во приватниот живот. Додека медиумите се занимаваат неговиот потенцијален трансфер, Сергеј се опушта на островот, Пармалора, а друштво му прави неговата девојка Наталија Илиќ.

Фотографијата од Островот Савиќ ја објави на својот Инстаграм профил. Во фокусот секако е неговата девојка која на скапоцената јахта го покажа своето жешко тело.

„Не вреди само Сергеј повеќе од 100 милиони евра“, гласи само еден од големиот број коментари.

Агрон Руфати ја одби Албанија за да игра за Македонија

Како што објави албанскиот портал „Вип Спорт“, Руфати имал понуда да заигра за Албанија, откако имаше извонредни настапи во новата суперталентирана генерација на Македонија до 19 години, чиј првотимец е во генерацијата со Елиф Елмас, Димитар Митровски, Јани Атанасов, Дарко Чурлинов... Руфати по настапите за селекцијата до 19 години, сега ќе биде дел од младинската селекција до 21 година и тој си избрал да игра за Македонија.

Руфати е роден во Загреб, моментно е член на хрватска Истра, претходно беше дел од младинскиот погон на Динамо Загреб, играше и за загрепска Локомотива, а од летово е член на Истра.

„Швајцарија беше земја поради која албанските фудбалери ги одбиваа „црвено-црните“, ама сега има и такви кои ги одбиваат за да играат за Македонија. Таков пример е Агрон Руфати, 19-годишниот фудбалер со потекло од Гостивар, кој не успеа да биде дел од две албански селекции, а сега одби да игра за Албанија за да игра за Македонија. Всушност, таткото на фудбалерот инсистирал неговиот син да продолжи да игра за Македонија“, пишува „Вип Спорт“.

Пред неколку дена поранешниот фудбалер на Вардар, Демири објави дека прифатил да игра за Албанија и дека во процес е да му извадат пасош кај западниот сосед. Демири беше дел од македонската младинска селекција, чиј стартер беше во целиот квалификациски циклус преку кој Македонија напиша историја со пласманот и настапот на Евро 2017 во Полска. Два месеци по настапот на ЕП, Демири со Вардар напиша клупска историја со пласманот во групната фаза во Лига Европа.

Популарно