Ирена Ристиќ: Тунтев НЕМА автомобил! Како направи 3.843€ патни трошоци за 4 месеци?!!!

Актерката Ирена Ристиќ вчера на својот ФБ профил, повторно удри по пратениците и високите патни трошоци.

- Понеделничка тема, како и секогаш, драги гледачи, се патните трошоци!

Пратениците:

- Ванковер Манчев

- Бранко Маноиловски

- Нада Ципушева 

- Магдалена Манаскова

заедно земале 18.000€ (нешто над милион денари) за патни трошоци/користење приватен автомобил за службена цел. Демек службена цел.

Притоа, Антикорупциска вели дека овие четворица немаат автомобили! 

Значи, НЕМААТ АВТОМОБИЛИ!! 

Прашањето чии автомобили возеле, останало без одговор!!!

Аналогно на тоа, они не се ништо друго туку обични ЛОПУЖИ!!!

Парите назад, стоко!!!

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно