ВИДЕО: Со тетката играл лото и освоиле милион долари, но тогаш следуваше шок

Канаѓанката Барбара Редик и нејзиниот внук Тајрон Мекинис заедно изиграа лото и среќата им се насмевна широко, барем на некое време.

Иако заедно позираа со освоените 1,2 милиони канадски долари, Барбара на младиот роднина му порача дека од наградата нема да добие ништо.

„Никогаш не му ветив дека ќе ја поделиме добивката. Одиме на суд, ќе ангажирам адвокат“, порача пред изненадените посетители на церемонијата на која им е врачен добитниот чек.

Видно изненадениот Тајрон тогаш порача дека Барбара лаже и дека зедно го одиграле лото ливчето и договориле да ја поделат добивката ако освојат нешто, но таа му скрцка: „Ништо не се договоривме, само го ставив неговото име на ливчето зошто ми е како син“.

Додаде дека му ветила дека ќе поделат евентуална помала добивка, а не џекпотот.

Иако „и е како син“, му порача: „Имаше тој среќа, но не би му дала половина милион долари“.

Дизниленд бара работници од Македонија

Пријавете се едногодишен престој и работа во Дизниленд

Дизниленд во Флорида распиша конкурс за работници, а воедно и станари во својот комплекс што изгледа исто како во бајките.

Од вработените ќе се бара автентично да го претстават регионот и земјата од која потекнуваат.

Бараме дружељубиви и гостопримливи луѓе коишто на уникатен начин ќе успеат да ја претстават културата, традицијата и историјата на својата земја – стои во огласот.

Кандидатите кои што ќе ја добијат работата ќе работат во подготовка на храна, продажба на освежителни пијалоци, продажба на сувенири и едукација на посетителите на комплексот.

Среќниците кои ќе бидат примени на работа ќе имаат шанса да живеат во Дизниленд на една година и да заработуваат по 10 долари секој час со 32 работни часови во текот на неделата што значи околу 1.100 евра + бакшиш секој месец ќе бидат префрлени на нивните сметки.

Комплексот изгледа како студентски дом, а во него имате право на фитнес центар и пристап до компјутер.

За сите кои се заинтересирани, понудата важи до 1 август што значи дека преостануваат уште неколку недели за пријавување. Повеќе за огласот може да дознаете на следниот линк.

ВИДЕО: Македонецот кој го освои светот со танцување

Кога имаше само 6 години, Мајкл Дамевски се појави на "The 2001 Australian Dance Idol" и без ниту ден тренинг се пласираше во најдобрите 10. 

Од тогаш, Дамевски започна сериозна кариера со големи успеси во танцувањето, а најверојатно најпрестижната досега е најдобар млад танчер на „World Championships of Performing Arts“.

Последното од Македонецот од Австралија е настапот на „World of Dance 2018“на NBC каде мајкл ги освои публиката и жирито со следниов настап.

По ова негово преставување, Мајк доби покана за гостување во шоуто на Елен „TheEllenShow“, каде уште еднаш ја освои публиката

Популарно