(ВИДЕО) Слатко папагалче кое „злобно“ се смее ќе ве расположи за добра ноќ

Ова преслатко папагалче се смее секогаш кога неговиот сопственик ќе дувне во него.

Познато е дека папагалите го имитираат однесувањето на луѓето. Тие можат да зборуваат, пеат, да имитираат човечки гласови, па дури и да се смеат.

Ова преслатко папагалче се смее секогаш кога неговиот сопственик ќе дувне во него. Тоа самото по себе е необично, но уште позабавно е неговото смеење кое звучи како злобно, а всушност е слатко.

Погледнете го следново видео кое несомнено ќе ви го разубави крајот на денот.

(ФОТО) Млад австралиски ловџија „исплескан“ од кенгур

Тинејџер, кој со својот брат отишол на лов на кенгури во Западна Австралија, бил претепан од кенгур.

Откако Џошуа Хајден (19) и неговиот брат пукале кон кенгурот, тој прво удрил врз нивниот автомобил и го скршил совозачкиот прозорец, а потоа го нападнал момчето и му нанел повреди во пределот на вилиците и очите.

Како што раскажуваат момчињата, тие претходно пукале од возилото кон два кенгура што биле во непсредна близина. Едниот од нив притоа се разбеснил и тргнал кон нив.

Момчето по нападот накусо останало без свест, а потоа било однесено в болница, каде лекарите утврдиле дека е неопходна операција поради отокот.

ВИДЕО: Слушале плачење под бетон - Кога го продупчиле, имале што да видат

Посетители на Културниот сентар во Ареса во Бразил со денови слушале плачење кое доаѓало од под бетонот, па решиле да проверат за што се работи.

Земале алат и го раскопале бетонот... Погледајте што извадиле. Глетката е неверојатна.

Популарно