(ВИДЕО) Автобусот го фрли 13 метри во воздух: На судењето на возачот, жртвата направи нешто невидено

Британецот кого автобус го фрли во воздух 20 метри, на судењето на обвинетиот возач, направи нешто невидено. Чик Сенгор го возел градскиот автобус во Оксфордшир, кога наместо на кочницата притиснал на гас. Тогаш автобусот со својата сила удрил во Сајмон Смит кого го отфрлил во воздух 13 метри, а секунда подоцна ја демолирал постојката на градскиот автобус. Вистинско чудо е што Смит кој паднал на земја, смирено станал и влегол во блискиот паб. Сенгор на суд изјави дека е среќен што на плочникот немало многу луѓе. Тој веќе доби условна казна од 8 месеци.

Сепак, најмногу зачуди изјавата на самиот Смит кој рече дека му е драго што возачот не отишол во затвор, зошто не го удрил намерно. Автобусот на линија 17 е тешко оштетен во несреќата што се случи на 24 јуни 2017 година. Смит помина со само неколку модрици.

ВИДЕО: Се чувала за првата брачна вечер, но момчето ја изневерило - сега ја продава невиноста

Има 23 години и се уште е девица. Сега Американката Бејли Гибсон се одлучила на првото сексуално искуство, но потенцијалниот партнер тоа ќе го чини многу скапо.

Оној кој ќе ја земе невиноста на Гибсон ќе мора да плати 10 милиони долари. Атрактивната бринета дури го одредила и местото каде што ќе го има првото сексуално искуство – Бани Бич, престижен бордел во Невада.

За да ја оправда високата цена на својата невиност Бејли поставила жешки фотографии на почетната страница на „Bunny-Ranch”.

Во меѓувреме ги добила и првите понуди. Медиумите јавуваат дека извесен “муштерија“ и понудил 200.000 долари, но Бејли смета дека тоа не е доволно. Бара многу повеќе.

На почетната страница на „Bunny-Ranch”, Американката ја објаснува тајната на својата невиност: Израсната е на многу религиозен начин, одел во католичко училиште за девојчиња. Што, значи дека никогаш немала никаков контакт со мажи.

На интернет се појавија и гласини дека Бејли е измамничка која не само што не е девица, туку имала и бројни сексуални контакти со мажи. За да ги демантира гласините, младата жена отишла кај лекарите и официјално добила потврда за својата невиност.

Баба Ванѓа за претседателот Трамп, а и за иднината на САД и Европа

Баба Ванѓа има поприлично долга историја позади себе со своите визии. Кога имала 85 години таа навела стотици предвидувања за иднината со 85% точност.

Овие предвидувања вклучуваат климатските промени и глобалното затоплување кое го предвидела во 50-тите години, коментирајќи „Ладните региони ќе станат топли и вулканите ќе се пробудат“.

Следбениците на Ванѓа кажуваат дека го предвидела и цунамито кое се појави во 2004 годиниа, предупредувајќи дека „голем бран“ ќе се спушти врз брегот и ќе ги покрие луѓето и градовите кои ќе исчеснат под водата. Во 1989. година предупредила дека „Американските браќа“ ќе бидат нападнати од страна на „две челични птици“, што веројатно беше наговестување на нападот на зградите Близначки во 2001. година.

Исто така предупредила дека група муслимански екстремисти ќе ја нападнат Европа во 2016. година, предвидувајќи „голема муслиманска војна“, која ќе почне од страна на Арапите во летото 2010. година во Сирија. Ова би довело до воспоставување на калифат до 2043. година со центар во Рим.

Според изјавите на „The Mirror“, таа тврдела дека во 2016. година ќе биде инвазија на муслимански екстремиси ширум цела Европа, поради тоа што континетот ќе престане да постои до крајот на годината. Посебно истакнала дека екстремистите ќе користат хемиски начин на борба против Европејците.

Баба Ванѓа која е позната и под називот „Ностардамус од Балканот“, имала и некои лоши вести за Западот, таа тврдела дека Обама е последен претседател на САД.

Таа го предвидела изборот на претседателот Обама, предвидувајќи дека 44-тиот претседател на САД ќе биде Афроамериканец, а исто така и дека ќе биде последен претседател на САД. Дали тоа значи дека  на Трамп и на остатокот од светот ќе им се случи нешто страшно?

Нејзните предвидувања се страшни, а повеќето и точни, но нејзината фамилија изјавила дека Баба Ванѓа никогаш не тврдела дека ќе има Трета светска војна. По нејзините зборови, 2016. година ќе била клучна за човештвото и развојот на иднинте случувања кои таа ги предвидела. На нас останува да чекаме и да видиме што ќе се случува понатаму.

Популарно