ВИДЕО: Го нападнаа група мажи, но тогаш се појави жена му

Мажите се задолжени да водат сметка за своите жени, што нормално пред се вклучува и нивната физичка заштита. Меѓутоа, доаѓа време кога жените се спасувачи на своите мажи. 

Имено, една жена стана вистинска хероина откако успеала да го спаси животот на својот маж кој пред вратата го нападнале непознати мажи. 

Кога група од шест луѓе го нападнале локалниот новинар Абид Али Кхана, пред неговиот дом во Индија, неговата сопруга излегла од куќата и по брза постапка ги избркала напаѓачите. 

Погледнете сами како изгледало тоа... 

Македонска работа: Ограбиле пошта, па направиле нешто неверојатно глупаво

Тројца Македонци ограбиле пошта во Водерад во Словачка, а она што го направиле е толклу глупаво, што не е ни чудно што едниот од нив веднаш бил фатен.

Двеаесет и осум годишниот Славчо, 24-годишниот Кристијан, и 42-годишниот Горан ограбиле пошта, а потоа се фотографирале со украдените пари и истите фотографии ги споделиле на друштвените мрежи.

Словачката полиција успеала да го фати Славчо, додек за останатите разбојници се уште се трага, а по пат на Фејсбук апелирано е до граѓаните за било каква помош при пронаоѓањето на лицата. Фотографиите кои полицијата ги објавила на својата службена Фејсбук страница се оние кои и самите разбојници ги објавиле позирајќи со пленот.

Грабежот го извршиле Славчо и Кристијан кои се заканувале на поштарите со огнено оружје и ги испрскале со спреј по очите, додека Горан чекал во возилото.

Во бегството пред полицијата, двајцата разбојници успеале да излезат од возилото, а возачот избегал со автомобилот.

Славчо е уапсен следниот ден, додека по останатите двајца уште се трага. Ако се утврди дека се винопвни им се закануваат 12 години затвор.

ФОТО: Телохранителот на Џенифер Лопез за малку ќе го прегазел папарацо фотографот

Џенифер Лопез и Алекс Родригез, еден од најпопуларните светски парови, папараците го следат секој нивен чекор, а нивниот телохранител за малку ќе го прегазел фотографот кој само си ја работеше својата работа.

Имено, парот одел на вечера во познат ресторан во западен Холивуд, кога еден папарацо фотограф се обиде да ја фотографира Џеј Ло со вереникот додека биле во џипот. 

Телохранителот на популарната пејачка, кој управуваше со возилото, само што не го прегазил, а оваа сцена ја пренесоа неговите колеги. На сето тоа му претходеше расправија, а потоа се случи овој немил настан.

Човекот падна на земја, а неговата нога беше покрај гумата на возилото. Она што беше шокантно е дека телохранителот, а ниту Џенифер и Алекс не излегле од возилото да погледнат дали папарацо фотографот е повреден.

За среќа, фотографот не се здобил со посериозни повреди, но претрпел страв. Панталоните му се уништени и на нив се гледаат траги од гумата.

Албанска зоолошка градина – најстрашна во Европа

Албанските власти реагираа откако британските медиуми објавија серија хорор фотографии од зоолошката градина во Фиер, на југозападот на земјата.

Шокантни фотографии на кои се гледаат болни и изгладнети животни ја шокираа јавноста. На нив се гледа прегладнет лав со инфекција на очите во живеалиште под сите стандарди.

Британските медиуми објавија серија фотографии и од другите запоставени животни во приватната зоолошка ,,Сафари- парк” во Фиер.

Денеска министерот за туризам и заштита на живтоната средина на Албанија, Бленди Клоси наредил спасување на животните и нивно преместување во побезбедни услови.

,, Реагирам на вестите објавени во Дејли Меил , како и на десетиците пораки за неприфатливата ссотојба во која живеат животните во приватната зоолошка градина во Фиер. Наредив итна акција за спасување од страна на инспекторатот, кои заедно со полицијата и организацијатаз а заштита на животните, ќе ги преместат и заштитат овие животни.” , изјави министерот.

Откако Дејли Меил ги објави шокантните фотографии на кои се гледаат животни , кои престојуваат во бетонски нечисти кафези и одат по својот измет , овие фотографии се раширија и во другите медиуми , како и преку социјалните мрежи . Не е познато дали и каква казна ќе добие сопственикот на зоолошката градина.

Популарно