Владата издвои 327.000 денари за геј парада во Скопје

Во годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти и манифестации  во оваа 2018 година ќе одвои 327,250 денари за  Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ Коалиција СЗПМЗ за организирање на настан „ Викенд на гордоста Скопје 2018 “.

Претходно во 2017 година, министерот за култура Роберт Алаѓозоски, го отвори „Скопје прајд викенд“ кој се одржа од 22 – 25 јуни.

Мерко исече 50-годишни дрвја оти им влегувале во прозорците на стружани

При реконструкцијата на дел од шеталиштето во центарот на Струга денеска општинските власти исекоа три 50-годишни дрвја.

Откако екипите ангажирани од Општината почнаа со сечата, на шеталиштето се собраа граѓани кои бараа од нив да престанат со уништување на зеленилото. Но, работниците продолжија да сечат, по што следеше жестока кавга, па сечата беше прекината.

Градоначалнiкот на општина Струга Рамиз Мерко вели дека на централното шеталиште во Струга биле исечени три стари дрвја бидејќи тие им влегувале во прозорците на стружани во блиските згради.

„Одлучивме да ги исечеме овие дрвја затоа што имавме поплаки од станарите на неколку згради кои се жалеа дека гранките им влегувале во прозорците и балконите. Тие дрвја се стари повеќе од педесет години. Наша определба е на местата на исечените дрва, да посадиме нови садници“,изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за СДК.

ВИДЕО: Заврши лидерската средба - еве што се случувало зад затворени врати

На денешната средба во Домот на пратениците речиси четири часа се водеа разговори меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Билал Касами од Беса.

Наредните денови ќе продолжат разговорите на лидерите на најголемите политички партии кои на денешната средба во Клубот на пратениците бараа решение за составот на Државната изборна комисија, претстојниот есенски референдум за името, формулацијата на реферндумското прашање...

Ова се изјавите по средбата:

Апасиев до владата на Заев: Сам себе убио

Додека парламентарните партии се на лидерска средба, професорот Димитар Апасиев од „Левица“ на својот Фејсбук статус имаше што да и порача на владата.

„Остајете ги да се удават во сопственото НЕЗНАЕЊЕ. При вака конципирано референдумско прашање, цензусот останува ист - али се мења мнозинството! Од релативно, станува апсолутно. Наместо 450.000, ќе им требаат 900.000 гласови "ЗА". Сам себе убио  ;)

#НаКуковоЛетоЌеВиПомине

#Бојкотирам“

Неколку часа претходно Апасиев напиша и:

„Нашиот Устав не познава консултативен референдум  ;)

#ОдГрешкаУГрешка

#ЕбатеСпецијалнитеСоветници

-Упрпани се после фијаското на НАТОФЕСТ, и си викаат: „Кај се фативме на орово сеа, мамето ќе ни се расплаче“. А ние ќе се потрудиме и стварно да им се расплаче  ✌️ ✊“

Популарно