ВИДЕО: Битолчанка мртва пијана во кафеана

Какофонични битолчани ја обработија Хавана од Камила Кабело, а пародијата се вика „В кафана пијана“.

Битолчаните кои стојат зад пародиите велат дека првата пародија била направена како подарок за роденден на нивни другар, но дека не очекувале дека ќе направи толкав бум во Македонија. Затоа веднаш ја „скоцкаа“ и втората.

Најавуваат уште една пародија, за која текстот е готов, песната е избрана, уште треба да се реализира. Погледнете ја новата „В кафана пијана“:

Има и бетер од Шилегов: За загадениот воздух се криви ќебапите

И Босна како и Македонија мака мачи со загадениот воздух. На итната седница која се одржа вчера во БиХ како едни од главните виновници за загадениот воздух беа наведени локални ќебапчилници, а тоа предизвика хит реакции на социјалните мрежи и Интернетот.

Член на стручниот тим за загаденоста Пламенко Таис изјавил дека градот е загаден а анализаторот на воздухот е близу ќебапчилница, па можеби затоа покажува повеќе.

Оваа изјава направи урнебес на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Џулија Робертс со огромни гради!

Холивудската ѕвезда и една од омилените актерки, Џулија Робертс (51), гостуваше во шоуто на познатата водителка Елен Деџенерис, каде што беше целосно трансформирана во најпопуларната реална ѕвезда – Ким Кардашјан!

Џулија и Елен се шегуваа во врска со бројот на следбеници на „Инстаграм“, а потоа домаќинката, која има повеќе следбеници од Робертс, дојде на идеја да ѝ „помогне“ да стане уште попопуларна аа социјалните мрежи.

Елен го ангажира својот тим за да ѝ стави огромни гради на Џулија и лелеава наметка и актерката се претвори во – бујната Ким!

Цело време Џулија со изразот на лицето покажуваше колку ѝ е непријатно, а во некои моменти и самата покажа дека знае низ што минува и во име на тоа заземаше пози кои се „ин“.

Популарно