Колку париќе ви исплати град Скопје, ако ве касне улично куче?

Во случај да ве касне улично куче, може да барате оштета од Град Скопје и „Комунална хигиена". На адреса на градските власти за последниве две години по основ надомест на штета поради каснување од куче има поднесено 68 тужби. Висината на оштетата се движи меѓу 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците од нанесените повреди, пишува „Независен весник".

Тужбите се засновани врз основа на член 10 од Законот за Град Скопје и член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

-Досега се отворени 68 постапки , некои се веќе завршени, а некои се во тек и многу тешко е да се дефинира точно колку се исплатени оштети по овој основ, информираат од Град Скопје.

Инаку, се почесто се регистрирани случаи на нападнати и каснати минувачи од страна на бездомните кучиња по скопските улици. Само изминатиот викенд петмина скопјани пријавиле дека биле нападнати и каснати. Двајца мажи биле напaднати во општина Центар, а три жени на улицата „Лука Геров" во скопската населба Даме Груев.

ФОТО: Еден работи, четворица гледаат - со ова темпо Партизанска ќе се реновира уште 3 години!

Секојдневни нервози на скопјани им создава гратскиот метеж, посебно со почетокот на реновирање на дел од најфрекфентиот булевар во градот, „Партизански одреди“. 

Судејќи според фотографијава, ваквите нервози нема набрзо да престанат.

Искршени автомобилите на Шилегов и неговата сопруга, „ауди А5“ и „ауди Q5“

Непознат сторител ги оштетил автомобилите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и на неговата сопруга, кои биле паркирани пред зграда на улица Хелсинки.

Од МВР информираат дека синоќа околу 23.10 часот, лицето Ш.Ј. (49) од Скопје пријавила дека во периодот од 17,00 до 22,00 часот на 18.04. на ул. “Хелсинки“, поточно во паркингот пред зграда од страна на непознат сторител, биле оштетени нејзиното патничко моторно возило марка “Ауди К-5“, со скопски регистарски таблички и патничкото возило “Ауди А5“ исто така со скопски регистарски таблички, сопственост на нејзиниот сопруг Ш.П.

Притоа, констатирано е дека на возилото на пријавителката извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар , предната и задната лева врата и задното крило, а кај второт возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Оштетувањето сторителот го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет и незабележан од некого напуштил лице место.

Со оштетувањето причинета е материјална штета која дополнително ке биде утврдена. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Моделите на Ауди автомобили кои ги возат градоначалникот на Скопје и неговата сопруга може да ги погледнете подолу.

Популарно