Доктор од Италија: Сите го имате дома лекот против рак!

Докторот онтолог Тулио Симончини е оној што откри дека евтината и притстапна нетоксична сода бикарбона лечи рак и тумор. Заради ова тој беше прогласен од здравствената организација како шарлатан и еретик.

Надалеку најуспешен лек против ракот е содата бикарбона (NaHCO3), која на наша голема среќа сѐ уште не е прогласена како илегална во овој луд свет! Доктор Симончини е онколог од Рим, Италија. Неговата основна теорија за борба против ракот е дека треба да се спречат причините за појавување на ракот кои се главно габички по име „кандида албиканс“! Содата бикарбона за разлика од другите антигабични третмани на кои габичките можат да станат имуни, брзо и лесно навлегува во ткивото со рак или тумор. Заради таа своја особина, содата бикарбона брзински го разградува туморот. Заради овие причини габичките не се повеќе во состојба да прават штета и целосно се без одбрана пред нападот на оваа природна хемиска супстанција.

„Кандида албиканс“, причинител на многу женски болести, според Симончини, е главен предизвикувач на ракот.​

Извадок од интервјуто со доктор Симончини направено од Ема Холистер од здружението „Кандида интернешнел“, направено во 2007 година.

EH: Откако ги прочитав вашите револуционерни трудови за терапија против ракот, не можам а да не се запрашам, колку ви беше тешко да работите во доменот на онокологијата со цел тој притисок и сите тие негодувања отстрана на официјалната медицина. Како реагираше таа на вашата работа?

TS:Спречување. Сплетки. Клевета. Прогон. Кога научник има ефективна и револуционерна идеја, медицинските институции на секаков можен начин ќе се обидат да го уништат тоа, бидејќи ги загрозува интересите на оние што моментно владеат со тоа. Без разлика колку е успешен методот, важно е да се уништат сите траги.

Вледејачките партии досега направија многу работи кои требаше да ме спречат во мојата работа:

Ме исфрлија од сите медицински организации.

Направија вистинска хајка по сите медиуми правејќи кампањи за да ме окарактеризираат како обичен шарлатан.

Монтирани судски процеси со цел по судовите да ме присилат да се откажам од мојата работа.

Полицијата постојано ме малтретира во сопствениот дом.

EH: Поради што денешната медицина со сите сили се обидува да ја спречи вашата теорија и вашите начини на лечење со помош на сода бикарбона и зошто ги одбиваат вашите главни докази дека габичката од видот „кандида“ е главен предизвикувач на ракот?

TS:Една од главните одлики на медицинскиот врв е себичноста и алчноста како и недостаток на морал.Тие одлики ги спречуваат да погледнат подалеку од својата лична корист. Второ, денешната официјална теорија за настанување на ракот се состои од хипотезата дека канцерогените заболувања настануваат со генетско нарушување на клетките, мутација на клетките кои предизвикуваат формирање на клетките на ракот.Ова теорија еноставно е неточна и никогаш не е докажана. Затоа и сите методи на лечење или не даваат резултати или се незабележливи.

EH:Мислите ли дека тој проблем може да се реши?

TS:Да.Сето тоа може да се постигне ако се направат истражувања кои ќе се занимаваат со самиот извор на проблемот, секако ако се дозволат слободни медицински испитувања без мешање на парите или политиката. Кога луѓе од областа на медицината само од една земја би се собрале на едно место и би одлучиле да најдат решение на некој проблем, без кршење на човечките морали и стандарди, со дозволена слободна циркулација на информациите низ медиумите, тогаш резултатите би се забележале веднаш.

EH:Колку случаи на рак сте излечиле? Сигурно позитивните резултати би морале да им значат нешто на вашите колеги од областа на медицината?

TS: Излечив стотици пациенти. Многу од нив имаа последен стадиум на ракот или имаа канцерогени заболувања во напреден стадиум, посебно беше голем бројот на оние што ми се обратија за помош по неколку неуспешни третмани со конвенционалните терапии. Поголемиот број од нив во целост се закрепна по третманот со сода бикарбона и сѐ уште нормално живеат и работат. Во случаите кога се започнува со лечење на ракот во раните стадиуми по откривање на мали канцерогени јазли со големина до 3 см и минимален број на метастази, во 90 проценти од случаите пациентите во целост закрепнуваат. Важно е да се напомене дека дека повеќето лекари се сложуваат со мојот метод на лечење на ракот.

EH: Не постои ли начин овие докази од здравствените картони на пациентите кои се излечени од ракот со сода бикарбона да се искористат како притисок на медицинските здруженија со цел сериозно да ја сфатат вашата работа?

TS: Не, затоа што е потребно да се демонстрираат над стотина потполно документирани случаи и а за тоа е потребно да работам во некоја клиника која се занимава со истражувања на ракот. За мене тоа е невозможно затоа што сум исклучен од медицинската заедница.

EH: Многу жени имаат „кандида“ која им прави бројни гинеколошки проблеми од проблеми со репродуктивните органи, па сѐ до женски канцерогени заболувања. Имате ли некаков совет за нив?

TS: За да ги искоренат жените хроничните проблеми и габичните инфекции, тие би требало секоја ден да се чистат со два три литра чиста превриена вода која треба да се излади на телесна температура и во неа да има две супени лажици сода бикарбона.Овој третман треба да се повторува во период од два месеца, освен за време на менструалниот циклус. „Кандидата“ е многу отпорна габичка и потребно е долго време за да се искорени.

Докторот Тулио Симончини од самиот почеток на својата онтолошка кариера подигна прашина во Светската медицинска организација и тоа само поради фактот дека пропагираше лечење на канцерогените заболувања со лесно достапно и неотровно соединение: сода бикарбона.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно