(ВИДЕО) Два питбула глумеа пред газдарицата за да избегнат казна

Два мали питбула, Софи и Оливер, се преправаа дека се мртви по нередот што го направиле во домот на нивната газдарица.

Видеото што го снимила девојката што ги чувала двете кучиња го споделила на социјалните мрежи.

Во моментот кога останале сами, Софи и Оливер направиле неред во собата и ја изгризеле плетената кошница.

Газдарицата неколкупати праша кој е одговорен за нередот, но немало никаква реакција.

Тестирајќи дали ќе се мрднат, девојката на крајот праша дали некој е за закуска.

(ВИДЕО) Делфинче се роди пред очите на посетителите во аква парк

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Украина, беа сведоци на раѓањето на делфинче. На аматерска снимка од публиката, се гледа како луѓето вознемирено го опколуваат базенот, пред да се појават темно-црвени нијанси во водата, проследено со раѓањето на младенчето.

– Пред вашите очи се роди нов живот, објавија службениците на Делфинариумот на микрофон, што беше проследено со аплаузи од публиката.

(ФОТО) Неверојатна сцена во центарот на Лондон: Питон проголта гулаб

На улиците во Лондон забележана е неверојатна сцена. Имено, граѓани имале можност да видат како змија јаде гулаб.

Фотографијата која се појави на социјалните мрежи веднаш привлече големо внимание.

„The Evening Standard“ објави дека набљудувачите на питонот му дале да изеде мртов гулаб.

Портпаролот на организацијата за заштита на животни, која е повикана на лице место, рекла дека не верува оти змијала ловила и убила гулаб.

Змијата е одведена во блискиот центар за диви животни, каде се врши нејзина проценка.

Ребека Бенсон, која работи како инспектор, рекла дека би сакала да знае како змијата се нашла во таква ситуација.

– Кога е така изложена на улица значи дека нешто се случило со неа. Можел да ја прегази автомобил или да ја нападне друго животно. Можеби е нечиј миленик кој избегал или што е уште позагрижувачки, некој можел да ја исфрли на улица, рекла таа.

View image on Twitter

Популарно