(ФОТО) Елизабет Харли со полу-топлес фотографија

Британската глумица Елизабет Харли веќе има голема продукција на слики во костими за капење...

На нејзиниот профил на Instagram може да се пронајдат различни разголени и провокативни фотографии, но со последната објава недвосмислено покажала дека нема намера да остари. Таа блеска дури и на 52 годишна возраст.

 

Handstand @elizabethhurleybeach 😘😘😘😘

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on

ФОТО: „Пабло“ од серијата „Млади бунтовници“ ја покажа ќеркичката

Бенхамин Рохас сподели прекрасна фотографија со малата ќеркичка Рита, на која се гледа дека таа многу наликува на него.

33-годишниот актер, кој се прослави кај нас со улогата на Пабло во серијата „Млади бунтовници“, има споделено уште неколку фотографии со Рита на својот профил на Instagram.

Рохас стана татко неколку дена пред Нова година. Непосредно по враќањето дома со малото бебенце и саканата Мартина Санчез, тој сподели фотографија и ја објави среќната вест.

„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа… Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“ – напиша тој во описот.

Аргентинскиот актер и продуцентката се во врска 7 години, а се запознале во телевизиската куќа Телефе.

ФОТО: Го гледаме како најзлобниот лик во Карасевда - актерот сосема поинаков во реалноста

Роден е 1981. година, тој е познат турски актер, а ние го гледаме во злобна улога како главен негативец во хит серијата на Сител, Карасевда.

Актерот Кан има студирано во Америка, а пораснал во Турција. Неговата мајка е Албанка, а таткото Турчин.

Тој е еден од најомилените колеги на турските актери.

Популарно