(ФОТО) Каков возен парк поседуваат скопските градоначалници

Град Скопје: Градоначалникот Шилегов се вози со сопственото возило

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, не користи службен автомобил, туку за таа намена го користи сопственото возило.

„Град Скопје во наредниот период нема да набавува луксузни возила, но доколку се набавуваат возила за потребите на администрацијата, ќе се купуваат електромобили или екоавтомобили“, истакнале од Градот.

Кисела Вода: Темелковски оди пеш на работа, а по потреба се вози со „опел инсигнија“

За потребите на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода располага со возило од „опел инсигнија“ купено и произведено во 2011 година. Тоа е со кубикажа на моторот од 1.956 и со 96 коњски сили. Бојата на возилото е металик црна. Градоначалникот Темелковски на своето работно место доаѓа пеш, односно возилото го користи само за службени потреби.

Чаир: Градоначалникот Ганиу наследи „нисан леаф“, чини 34.500 евра

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, како службено возило користи патнички автомобил на електричен погон, модел „нисан леаф“. Возилото е купено по спроведување на законската постапка за јавна набавка во 2016 година во износ од 7.199.000,00 денари без ДДВ или 8.494.820,00 денари со ДДВ, во бела боја со моќност на мотор од 80 kW и моќност на батерија од 24 kW. Исто така, освен возилото на градоначалникот, набавени се и 3 други автомобили од ист модел за потребите на секторите во Општина Чаир. Градоначалникот на општина Чаир не планира да го смени актуелното службено возило бидејќи овој вид возила се целосно еколошки и не емитуваат CO2. Градоначалникот на општина Чаир има свој службен возач. Вредноста од 7.199.000,00 денари без ДДВ или 8.494.820,00 денари со ДДВ е вкупната вредност за сите 4 набавени автомобили на електричен погон по спроведената постапка за јавна набавка. Цената на едно возило изнесува 1.799.750 денари без ДДВ или 2.123.705 денари со вклучен ДДВ.

Бутел: Смилевски сам се вози во позајмен „ситроен 3“

Градоначалникот на општина Бутел нема свое службено возило. Во моментот се вози во „ситроен 3“ од 2000 година, кое е во сопственост на Град Скопје.

Градоначалникот Велимир Смилевски сам се вози. Општина Бутел имаше свое службено возило, но поради дефект во инсталацијата – изгоре.

Ѓорче Петров: Градоначалникот Наумоски се вози во „ауди А4“, чини 32.000 евра

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, се вози во возило „ауди А4“, кое е затекнато од претходниот градоначалник. Возилото е купено во 2005 година по цена од 32.000 евра. Кубикажата на автомобилот е 1.781. Наумоски има свој возач и засега во план е да го користи истото возило, односно „аудито“.

Аеродром: Златко Марин се вози со „бмв 320 Д“, подарок од претходната влада

Моделот на службеното возило со кое се вози градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, е „бмв 320 Д“. Возилото е донација од Владата на Република Македонија со одлука број 51-1131/1, објавена во „Службен весник“ 36/11, за кое е склучен договор за давање на трајно користење на движна ствар со Министерството за локална самоуправа и Општина Аеродром на 20.4.2011 година. Година на производство на возилото е 2001 година, со работна зафатнина 1.951 цм3.

Општина Аеродром не планира нова набавка на возило за службени потреби.

Центар: Богдановиќ нема службено возило, а по потреба се вози со „шевролет спарк“

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, нема службено возило. За службени потреби користи едно од возилата на возниот парк на Општината, и тоа „шевролет спарк“ и „форд фокус“. „Форд фокус“, во сива боја, од 2005 година, со 1.388 кубикажа.

„Шевролет спарк“, во црвена боја, од 2011, 995 кубикажа. Градоначалникот не планира да купи возило само за свои потреби.

Карпош: Богоев го продава џипот, а се вози со „шевролет круз“

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, на работа доаѓа со сопствено возило. За службени потреби се вози со „шевролет круз“ и има сопствен возач. Оваа Општина, како што веќе спомнавме, го продава службеното возило „ауди Љ7“ со кое се возеше претходниот градоначалник.

Општините Гази Баба, Сарај и Шуто Оризари, иако неколкупати им се јавивме, решија да не даваат информации какви службени возила на располагање имаат градоначалниците од овие општини. Фотографиите на автомобилите на општините Чаир, Ѓорче Петров и Бутел се автентични на оние што се користат, а другите се модели преземени од интернет.

Еве зошто ајварот не се прави во октомври

Aко не сте направиле ајвар во септември, во октомври немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар,  деновите по 15 септември се вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Еве што треба да направите за да имате цврсти и убави нокти

Речиси дваесет проценти од луѓето на Земјата страдаат од кршливи нокти. Експертите не можат точно да утврдат која е причината, но истакнуваат дека виновници се детергентите, отстранувчите на лак за нокти и честото миење на рацете.

Други фактори се сувото и студено време, како и проблеми со тироидната жлезда. За среќа, природниот лек за кршливи нокти се наоѓа во храната. Во секојдневната исхрана треба да бидат застапени производи од интегрални житарки, лиснат зеленчук и соја, тиква, морков, авокадо, бадеми, риба и јајца.

Овие намирници содржат витамин Е, витамин А и колаген кои ќе ви помогнат да имате поздрави нокти. Ако ноктите се сè уште слаби и кршливи, тогаш посетете салон за убавина каде ќе се погрижат за изгледот на вашите нокти.

Нашите пријатели од Spectra Nail Bar користат препарати збогатени со витамини и минерали, посебно дизајнирани за ноктите да ви бидат повторно цврсти, а кожата на рацете мека и сјајна. Вашиот термин може да го закажете на 078 873 703.

Што прво забележуваат гостите кога ќе ви дојдат?

Дали некогаш сте се запрашале што прво забележуваат луѓето кога ќе дојдат кај вас?

Познато е дека првиот впечаток е исклучително важен и тој кај луѓето се создава за само осум секунди, а истото се случува и кога доаѓаат гости во вашиот дом.

Имено, потребни им се само 38 секунди за да ги забележат сите ситници и да почнат со осудување.

Истражувањето кое е спроведено на 2000 возрасни луѓе, покажало дека гостите прво што забележуваат (односно чувствуваат) е мирисот на вашиот дом. Веднаш после мирисот ја чувствуваат температурата, а дури потоа колку е чисто.

Исто така, откриено е дека 3 од 10 лица не му ги откриваат своите забелешки на домаќинот. Од друга страна, 86 отсто од сопствениците на домовите темелно ја чистат куќата пред да дојдат гостите, додека 6 од 10 не се занимаваат со мислењето на другите.

Освен мирисот, температурата и чистотата, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, но и прашината на украсите на полиците.

Популарно