Мицкоски до Заев: Македонија се буди и многу скоро ќе каже стоп за овие погубни политики на владата

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку својот Фејсбук профил, упати критики до политиките на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.

- Она што Зоран Заев го нарекува “одлична надворешна политика”, за граѓаните и за нашата држава преставува распродажба на националните и државни интереси. Не е поентата да се биде актуелен во регионот по тоа што се попуштило, или отстапило, туку суштината е да се биде актуелен во сопствената земја застапувајќи ги државните и национални интереси. А во изминатот период владата стана актуелна по попуштањето, но не и по одбраната на интересите, па се изроди закон за јазици кој е неуставен и хаотично однесување без концепт во поглед на спорот со јужниот сосед. Народот вели ако се среди сопствениот двор, тогаш може да се збори и за соседниот. А сликата за Македонија е далеку од розова. И она што премиерот вели дека е “свесен за некои пропусти во домашната политика” за граѓаните е хроничен хаос во секое поле и област што е директна последица на неспособноста да се менаџира со домашната економија, да се креираат реформи и унапредат состојбите, но и неспособност да се реализира ветеното. Ќе потсетам дека оваа влада велеше дека има темелна анализа за состојбите и пред да дојде ветуваше живот, но тој никако да стигне. Имаме африканизација и уназадување на Македонија во однос на сите критериуми, не само во поглед на демократијата и усовршениот политички терор на власта, туку и во здравството, образованието, науката, студентскиот стандард и младите, земјоделието, економијата. Опасното е тоа што принципите на работа на Заев во Струмица стануваат и принципи на работа во цела Македонија, тоа што во државата се случуваат десетици случаи на “Цареви Кули, Глобал, фамилијарни или пријателски тендери, 200.000€ по принципот евро за евро, живи луѓе ќе јадеме и сл..” и тоа не е нешто за фалење. Граѓаните се повеќе сфаќаат колку е сериозна ситуацијата и колку многу се пропушта да се направи. Зборот никако да се преточи во дело. Македонија се буди и многу скоро ќе каже стоп за овие погубни политики на владата.

Mинистерството за финансии крие од каде пари за кампањата за Референдум

Министерството за финансии не дава податоци колку некое од министерствата или другите државни институции до сега доставило до нив извештај колку пари имаат на располагање за референдумската кампања. Од Финансии велат дека очекуваат овие информации да бидат комуницирани од страна на Владата, додека од Владата велат дека парите што министерствата ќе ги издвојат за кампањата нема да бидат средства од предвидените проекти. Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, вели дека фактот дека не се знае колку пари ќе бидат потрошени за кампањата и од каде конкретно ќе се обезбедат, остава простор за манипулација.

- Презентацијата на одлуката на Владата од страна на портпаролот беше целосно нетранспарентна. Ова прашање може да скрие и другите цели, да не бидат транспарентни. Кога станува збор за буџетски промени, Владата мора да излезе со многу прецизни информации. Прво, треба да излезе со буџет за тоа колку ќе ја чини пропагандата за референдумот, а потоа Министерството за финансии да подготви сметка од која позиција тие ќе бидат земени и каде ќе одат. Тоа може да им сугерира на министерствата и на сите други корисници на државниот буџет да одделат од некоја позиција. Не се знае за колку пари станува збор, ако е за 100.000 денари тоа е нешто друго, од презентацијата на портпаролот, ниту пак се знае некоја основна информација за тоа колку пари ќе бидат потребни – изјави Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Експертите предвидуваат дека овие средства што министерствата ќе ги издвојат за референдумската кампања најверојатно ќе бидат од средствата за репрезентација, односно од средства посветени за ручеци, вечери и патувања. Владата веќе започна со референдумската кампања. Вчера премиерот Зоран Заев се сретна со претставниците на македонската дијаспора од Италија, Хрватска, САД, Словенија, Германија, Луксембург и Швајцарија за да побара поддршка за референдумот да биде успешен.

На социјалните мрежи, организацијата „Млади за Македонија“ ја започна иницијативата за собирање потписи за бојкот на референдумот. Се уште не се знае дали опозициската ВМРО – ДПМНЕ ќе иницира кампања против референдумот. Додека датумот на референдумот се приближува, Избирачкиот список од страна на ДИК се ажурира. До 13 часот вчера, 116 лица се отстранети од Списокот, додека јавен увид во канцелариите на ДИК извршиле 2.179 лица.

Јордан Величков: Нема заедничка историја, Македонците се измислени по 1944година

Изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско не е случајно дадена оценка. Тоа е израз на едно 70 годишно фалсификување на бугарската историја без преседан. 7 децении прават напори за искоренување на бугарското национално сознание и насилно наметнување на мекедонизмот на над 2 милиони Бугари. Таква денационализација е без пример во европската историја…

Ова го вели Доцент д-р Јордан Величков во денешното интервју за бугарски „Труд“.

„Што да очекуваме од Зоран Заев и од политичката врхушка во Скопје, за кои македонизмот е доходовна професија која ги мотивира да гледаат на неа како на смисла на својот живот. Во името на таа професија, не само што ја фалсификуваат историјата, туку и ја менуваат националната припадност на нивните претци (…)“ вели Јордан.

Имајќи го ова предвид, тој факт требало да го имаат предвид бугарските политичари. „Не можете да им се верува на луѓе кои отичле толку далеку во откажувањето од својот род.

„Заев нема голем избор при опстојувањето на таа погрешна теза за македонизмот. Доколку биде поразличен, тој едноставно нема да биде во политиката и како ништо може да ја сподели судбината на покојниот претседател Трајковски“, вели Јордан.

Јорданов, инаку предавач по меѓународно право и дипломат, вели дека Бугарија направила „сериозна грешка“ кога се договорило да се оценуваат историјата и заедничките датуми во неа.

„Нема заеднички датуми и заедничка историја, историјата е една! До крајот на Втората светска војна  во реонот на Македонија има само една историја и тоа е бугарска. Сите факти и податоци говорат на еден и ист начин а бугарскиот карактер на населението кое 1.000 години години живее со него (бугарскиот карактер-н.з.)“.

Јордан смета дека бугарската страна не одговорила адекватно и професионално на „скандало’ кога Заев изјав дека Илинденското востание е македонско.

„Министерката за надворешни требаше веднаш да го повика амбасадорот на Македонија и да му врачи протестна нота“, вели Јорданов кој одговарајќи на прашањето на „Труд“ вели дека не е потребно„замрзнување“ на Договорот за добрососедство.

„Не да се замрзне, не да читаме некаково наводно извинување на Фејсбук. Треба да им се каже јасно и точно, категорично да се застане на тезата: никакви договори, пазарења, општо оценки. Историјата е јасна – таа е прецизна исто како и математиката.

До 1944 нема заедничка историја, зоѓто до тогаш немало Македноци“, вели д-р Јордан Величков во Интервјуто за бугарски „Труд“насловено „На Балканот ќе продолжи да мириса на барут“.

Популарно